Како да го вратите полниот сјај на дехидрираната кожа?
Кожата е сложен дел од телото на кое му е потребна вода за правилно да функционира. Кога нејзиниот природен заштитен слој е оштетен, таа ја губи влажноста и станува склона на дехидрација. Покрај тоа што изгледа рапаво, дехидрираната кожа не може да се избори со надворешните иритации и закани, па затоа е важно таа секогаш да ја добива соодветната нега.
Која е разликата помеѓу сува и дехидрирана кожа!
За почеток, важно е да ја направите разликата помеѓу сува и дехидрирана кожа. Како резултат на дехидрирањето, кожата ја губи издржливоста и станува чувствителна и раздразлива, но за разлика од сувата, таа може да се појави кај сите типови кожа – дури и кај масната и мешана кожа. Кога еднаш кожата ќе ја изгуби влажноста, потребно ѝ е повеќе внимание за да се врати во нормала.
Причини кои предизвикуваат дехидрирање на кожата!
Потрудете се да ги елиминирате можните причини кои предизвикуваат дехидрирање на вашата кожа. Тоа можат да бидат повеќе фактори: исхрана, штетни влијанија, консумирање премногу алкохол или кофеин, недоволна или преголема изложеност на сонце, стрес и слично. На тој начин ќе ја намалите дехидрацијата, но за да ја вратите кожата во совршената состојба, потребно е да ја најдете формулата која ќе ѝ ја даде влажноста која ѝ недостасува.
Eucerin Hyaluron Mist Spray делува директно на природниот хидратантен систем на кожата!
Одредени препарати без хидрантни состојки не се во состојба да ја вратат влажноста бидејќи нивната формула испарува брзо, со што кожата станува уште посува од порано и на крајот станува чувствителна. Уникатното решение на Eucerin, наречено Hyaluron Mist Spray делува директно на природниот хидратантен систем на кожата, со што помага водата да се дистрибуира рамномернo, со што ја задржува влажноста и ја прави кожата мазна, еластична и светла. Тајната е во комбинирањето на хијалуронска киселина со природниот глуко-глицерол, кој претставува активна состојка која го поттикнува навлажнувањето на кожата со тоа што го помага пренесувањето на вода помеѓу клетките на кожата и ја поддржува хидратационата рамнотежа на кожата однатре.
Како се нанесува?
Користете го хидратантниот спреј на Eucerin секојдневно за да го вратите сјајот на вашата кожа. Тој се нанесува многу лесно и можете да го носите со себе секаде, за да ви се најде во моментите кога ви е најпотребен. Како се нанесува? Само наместете ја прскалката на растојание од 20 см од кожата и испрскајте солиден слој на секој дел од лицето, вратот и деколтето. Оставете течноста да навлезе, околу 2-3 минути, а потоа нежно исушете ја кожата со меко тапкање. Со секојдневна грижа, ќе успеете да ги вратите мекоста, влажноста и еластичноста на кожата во совршена состојба.
За која возраст е наменет?
За сите над 20 години, кои имаат потреба од хидратација.
Иако понекогаш ја потценуваме, негата за кожата е исклучително важна за целокупното здравје, бидејќи таа претставува наш надворешен слој кој е изложен на повеќе надворешни влијанија. Како на секого од нас, и на кожата ѝ е потребна вода. Ако таа е „жедна“ за повеќе вода, на вас останува да ја зајакнете хидратацијата со користење на сигурни и ефективни производи наменети токму за неа!