- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

За некои од вас, маслото за лице изгледа како табу-производ за нега на кожата. Но, реалноста е таква што маслото за лице треба да стане дел од рутината за нега на кожата, особено во постудениот дел од годината, без разлика на типот на кожа. Оттука и вечното прашање на повеќето жени: кога треба да го нанесувам маслото – пред или после кремот за лице?

Маслото за лице на кожата и дава младешки сјај. Како што старее кожата, природното производство на маснотии се намалува. Ова значи дека ако во минатото ретко сте имале проблем со сува кожа, сега може да се соочите со сувост на кожата на лицето. Маслото за лице може навистина да го поврати сјајот на зрелата кожа, а на младата кожа нејзината еластичност и хидратација.

Како правилно да нанесете масло за лице?

Маслото за лице правилно се применува како последен чекор на нега – по чистење и хидратација на лицето. Може да се користи наутро или навечер. Прво, темелно исчистете ја кожата, нанесете серум и крем, а на самиот крај – нанесете масло за лице кое ќе ја „заклучи“ целата влага од серумот и кремот. Нанесувањето е прилично лесно, но ви подготвив краток водич во два чекори!

- Реклама -

Чекор 1: Правилно дозирање на маслото за лице!

Нанесете 3 до 4 капки масло за лице на врвовите од прстите. Запомнете – мала количина е повеќе од доволно! Ако нанесете премногу, маслото нема да се апсорбира и ќе изгледате мрсно!

Чекор 2: Нанесување на кожата!

Обрнете внимание на тоа како го нанесувате маслото на кожата. Прво, нежно размачкајте го маслото во пределот од носот до ушите. Потоа, размачкајте го маслото од веѓите до косата со движења нагоре во спротивна насока од гравитацијата. Завршете со нанесување на маслото на вратот, во правец нагоре кон вилицата. Масирајте го додека не се апсорбира целосно.

Кога правилно се нанесува маслото за лице?

Кога станува збор за редослед за нега на кожата, постои едно лесно правило: производите се нанесуваат од најлесните водени текстури до најгустите. Маслото за лице е со погуста текстура од кремот, затоа се нанесува после него. Маслото за лице може да го користите наместо ноќен крем, особено ако е во прашање некое побогато масло (арган, макадамија, масло од шипинки).

Масло за лице во дневна нега: Пред или после SPF кремот?

Единствен исклучок кога е во прашање редоследот на масло и крем е кога нанесувате заштитен фактор (се надевам дека го правите тоа во текот на целата година, не само во лето!). Поточно, целта на SPF кремот е да ja заштити кожата од дејството на UV зрачењето, што предизвикува стареење на кожата. Заштитата е активна само доколку се наоѓа како последен слој на кожата (пред шминката), што значи дека маслото за лице се нанесува пред SPF кремот (ако го користите во вашата утринска рутина).

Дополнителен совет за користење на маслото за лице!

Ако ви смета густината на маслото и времето на апсорпција, забрзајте го процесот така што маслото ќе го нанесете на влажно лице. Испрскајте ја кожата со термална вода или обична вода (неколку капки), а потоа истријте го маслото. Тоа ќе се апсорбира многу побрзо без мрсна трага!