Летото пристигнува и сите сме во потрага по свеж, но постојан летен мирис. Сепак, кога се работи за избор на летен парфем нештата можат да станат непредвидливо комплицирани.
Уживате во Охрид и ви треба нов мирис!
Оваа година се одлучивте за одмор или продолжен викенд во Охрид. Поминувате прекрасни денови и сте во одлично расположение. Ви треба нов парфем за спомените од прекрасните денови поминати во Охрид да траат што е можно подолго.
Во охридската чаршија ја забележувате веќе препознатливата Еликсир парфимерија и влегувате за да одберете некој добар мирис. По кратко пребарување го најдовте – мирисот на сите мириси!
Мирисот што го купивте внимателно го нанесувате на вратот, зглобовите, градите, насекаде. На кратко – лебдите низ улиците како облак од мирис и не ја тргате насмевката од лицето, затоа што мирисате толку убаво.
Не можете да го пронајдете вистинскиот парфем? Во Еликсир Охрид се ќе се промени!
Ако мислите дека невозможно е да го пронајдете вистинскиот парфем, сигурни сме дека во парфимеријата Еликсир Охрид се ќе се промени. Изборот на парфеми е огромен, а сите мириси се со поприфатливи цени како дел од летната промоција „Сонце, плажа и летни намалени цени на целиот асортиман“, а меѓу нив сигурно е и вашиот мирисен пар.
Намалени цени на целиот асортиман од 25% до 50%
Со вистинскиот мирис за вашиот нос и купување на парфем во периодот до 30 Јуни, ве очекува голем попуст од 25% па се до 50% како мал знак на внимание од парфимеријата Еликсир Охрид.
Дополнително изненадување е попустот на целокупниот асортиман на декоративна и препаративна козметика во висина од 25% до 50%.
Ве очекуваме! Само во Охрид!
Не очајувајте!
За сите вас што патот не ве води во Охрид, не очајувајте! Погледнете ја ексклузивната понуда на производи на попуст на онлајн парфимеријата Еликсир Ексклузив, каде доставата за сите нарачки е бесплатна до вашиот дом!