Во #ОдбројувамеДоGiveaway ви подаруваме производи за шминкање од брендот Bourjois. Откријте ги тајните на париските девојки! Сите го сакаат Париз, но дали знаете што ги прави париските девојки толку неодоливо шик? Пронајдете го одговорот во производите што ви ги подаруваме и научете ги тајните на парискиот изглед.
Производите од Bourjois ви ги подаруваме во соработка со Bourjois Македонија и Еликсир Ексклузив кој во своите парфимерии ги нуди производите на овој светски познат бренд за убавина.
Ви подаруваме мејкап производи што ги прави париските девојки толку неодоливо шик!
Bourjois Air Mat течна пудра
Со Air Mat никогаш нема да сте во сенка! Кажете и „bonjour“ на лесната формула која трае до 24 часа! Доколку сакате беспрекорен, мазен, природен мат изглед и текстура која дозволува кожата да дише, тогаш направете ја Bourjois Air Mat течната пудра почеток на вашата дневна рутина за убавина!
Bourjois Rouge Edition Velvet Liquid кармин за усни
Што го прави Rouge Edition Velvet вашиот најдобар пријател за убавина? Кој би рекол дека долготрајните мат кармини можат да бидат толку лесни и секогаш удобни за носење? Rouge Edition Velvet се лизга по вашите усни како свила. Кадифената текстура се топи на усните и остава чувство како да не носите кармин. Заборавете дека носите кармин!
Bourjois Beauty’Full Volume маскара
Како на трепките да им дадете свиленкаст и мазен ефект? Маскарата Beauty’Full Volume е збогатена со лесна формула за десеткратен свиленкаст волумен. Дава инстант волумен на трепките и се нанесува слој по слој за заситени црни трепки без грутки. Beauty’Full Volume е идеална алатка ако сакате супер волумен без тежина. Плус, нејзината волуменска четка рамномерно ги обојува трепките.
За вистински париски шик изглед Bourjois се потруди да ви подари прекрасни брендирани Borjois наочари за сонце, а вашите производи за шминка покажете ги во практичниот Bourjois козметички несесер!
Убавина за сите Х Bourjois Giveaway
Ќе играме на Инстаграм профилот на @ubavinazasite, а сè што треба да направите за да учествувате во овој Giveaway е следново:
Следете ги Инстаграм профилите на @ubavinazasite, @bourjois_macedonia и @elixirexclusive
Кликнете лајк на објавата!
Во коментар, означете ја личноста што ја познавате и која би сакала да учествува во овој Giveaway. Може да коментирате повеќе пати сè додека означувате различна личност.
Убавина за сите Х Bourjois Giveaway ќе трае до недела, 19 Јули во 12 часот напладне, кога по случаен избор ќе го одбереме и објавиме добитникот. Со среќа!
View this post on Instagram