Жената е беспомошна само додека не и се исуши лакот, нели? Знаеме дека најголемата „болка“ при лакирањето на ноктите е самото чекање целосно да се исуши лакот. Помина времето кога само седевме и чекавме да се исуши лакот – затоа ви носам 8 докажани начини како да го забрзате сушењето на вашиот лак!
Како да го забрзате сушењето на лакот?
#1 Замрзнете ги ноктите!
Секако, не мислам буквално, но за да го забрзате сушењето на лакот, едноставно ставете ги рацете во замрзнувач една минута. На овој начин, лакот ќе се затегне и ќе се зацврсти на ноктите, без ризик од размачкување!
#2 Користете капки за побрзо сушење!
Ако претходно не сте го пробале овој генијален производ – тоа мора да го сторите што е можно побрзо! Капките за сушење на лакот се базираат на масло и создадени се да се нанесуваат со пипета за да го исушите лакот во рок од 60 секунди! Само нанесете една капка на свежо нанесен лак!
#3 Маслиново масло!
Познато како алтернатива на капките за сушење на лакот, маслиновото масло исто така го забрзува овој процес. Воедно, маслиновото масло ги храни вашите кутикули. Затоа, нанесете го со помош на пипета, само една капка!
#4 Ледена вода!
Ако ги потопете свежо налакираните нокти во ледена вода, на тој начин ќе го „шокирате“ лакот и тој ќе се затегне, поради драстичната промена на температурата. За да избегнете размачкување на лакот, внимавајте да не ги допрете ноктите на коцките мраз или на страните од садот. Истиот ефект ќе го добиете ако ги држите ноктите под нежен млаз на ладна вода.
#5 Помалку е подобро!
Наместо еден дебел слој на лак, нанесете два тенки слоја и ќе добиете пократко време на сушење на вашите нокти. Најлесен начин да го постигнете тоа е да не земате премногу лак со четката и вишокот од лакот да го отстраните од вратот на шишето после секое нанесување.
#6 Кога брзате – металик лак!
Дали знаевте дека металик лакови за нокти се сушат побрзо? Нивната завршница исто така бара помалку слоеви за нанесување. Металик лаковите се супер брза опција кога немате доволно време да го исушите лакот.
#7 Исушете го со фен за коса!
Можете да го исушите лакот ако го вклучите фенот за коса, но само на ладно дување! Во спротивно, ќе го уништите лакот, кој ќе започне да се топи поради високата температура.
#8 Quick Dry Top Coat
За да ги однесете работите на повисоко ниво, набавете брзосушечки надлак! Нанесете го кога вашиот лак е сув околу 70%, за да го забрзате сушењето и да ја фиксирате бојата.