Guess претстави нов парфемски „столб“ за жени, наречен Bella Vita. Новитетот е најавен како елегантен и луксузен мирис за гламурозна Guess девојка. Концептот вклучува враќање кон корените на брендот Guess – пределите на Јужна Калифорнија и Медитеранот.
Мирис создаден за да се нагласи привлечноста на личноста!
Guess Bella Vita е со цветно-овошна композиција, мирис создаден за да се нагласи „привлечноста на личноста“ на жената што го носи. Се отвора со разиграни и свежи ноти од италијански лимон, сочна црна рибизла и црна цреша. Кадифеното бело цветно срце е составено од јасмин, тубероза и орхидеја. Топлата мешавина од акордот на килибар, тонка, пралина и мошус ја создаваат слатката основа на парфемот.
Guess Bella Vita е достапен во 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.