Нема потреба да се трошат зборови за тоа како изгледа феноменалната Jennifer Lopez. Во нејзината шеста деценија од животот таа е во најдобра форма досега, а покрај режимот за тренинг и диета што ги практикува, многумина сакаат да дознаат која препаративна козметика ја користи. На задоволство на сите, пејачката и актерка одлучи да ја лансира колекцијата за нега JLo Beauty и како што порача преку социјалните мрежи ќе ја открие тајната на нејзиниот младешки изглед.
Осум бјути производи!
Нејзината линија за убавина се состои од осум производи во кои главниот збор го има специјалниот комплекс од маслиновото масло, состојка во чија делотворност се колне самата Jennifer. Ќе можете да пробате средство за чистење на лице, серум, маска за лице, креми за лице, крем за очи, но и витамински суплемент, а нивните цени се движат од 900 денари за една маска, до 3900 денари за серум. Секој ќе може да ги нарача овие производи за нега преку официјалната веб-страница на брендот или на продажните места на Sephora.
View this post on Instagram