Периодот што измина беше обележан со вознемиреност и стрес предизвикан од несигурност и негативни вести. Пандемијата на корона вирусот остави негативни траги врз сите нас. Вознемиреноста расте и стресот станува нова нормална состојба. Негативните и непријатни чувства на вознемиреност и стрес со месеци се собираат во нас. Сега поважно од било кога е да застанеме накратко, да ги препознаеме и да се ослободиме од негативностите. На овој начин ќе ги избегнеме долгорочните последици врз организмот.

Како да се ослободите од негативното и да го релаксирате телото и умот?

Со едноставни вежби за медитација или јога, со мали ритуали што прават да се чувствуваме пријатно, со разговори со најблиските и со метода за релаксација со мириси, поточно ароматерапија.

Мириси за релаксација!

Ароматерапијата наједноставно може да се опише како користење на ароматични растителни екстракти и есенцијални масла за цели на здравјето и таканаречената „well-being“, односно благосостојба. Пред да користите било каков ароматичен екстракт или есенцијално масло, многу е важно да проверите како безбедно да ги употребувате. Наједноставен начин е употребата на миризливи свеќи и дифузери кои ќе го исполнат вашиот животен простор со миризливи ноти, а придобивките од некои мириси можете да ги откриете во кујната.

- Реклама -

Лаванда

Лавандата е едно од најпопуларните есенцијални масла во светот на ароматерапијата и се издвојува со пријатен мирис и непобитен релаксирачки ефект, поради што ќе ја пронајдете во многу миризливи свеќи и популарни дифузери со стапчиња, но и во многу бјути производи за бања.

Камилица

Исто како лавандата, камилицата е уште една билка позната по карактеристичните и подеднакво опојни и нежни ноти кои имаат релаксирачки и смирувачки својства. Топла бања со додавање на неколку капки есенцијално масло од камилица или чај од камилица се едноставни начини на кои камилицата може да ви помогне барем накратко да се опуштите.

Ветивер

Ветиверот можеби е помалку познат од есенцијалните масла од лаванда и камилица, но не и помалку ефикасен. Маслото од ветивер потекнува од тревнато растение ветивер со потекло од Индија. Има сладок и земјен мирис, а во светот на арома терапијата се користи против анксиозност.

Јасмин

Како прво, маслото од јасмин има прекрасен цветен мирис и затоа е многу популарно во индустријата за парфеми. Сепак, покрај прекрасниот цветен мирис во него се крие неверојатен релаксирачки ефект. За разлика од некои други есенцијални масла што се користат против анксиозност, маслото од јасмин го смирува нервниот систем, но не предизвикува поспаност, поради што се истакнува како одличен избор за работната средина.

Валеријана

Многумина имаат проблеми со спиењето! Валеријаната е растение кое се користело уште од античко време и кое може да ви помогне едноставно да се опуштите и полесно да заспиете. Може да има благ седативен ефект врз телото. Како се користи? Неколку капки масло од валеријана во дифузерот ќе бидат сè што ви треба за полесно да заспиете.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име