Gucci претстави нова тоалетна вода Gucci Guilty со дизајн и пакување како парфемот Gucci Guilty Eau de Parfum од 2019 година. Создаден со креативна визија на Alessandro Michele, новиот мирис е инспириран од жени кои бараат слобода во самоизразување и љубов.
Цветно-килибарен акорд!
Со карактеристичниот цветно-килибарен акорд, Gucci Guilty Eau de Toilette pour Femme се дефинира со лесни, свежи латици од јоргован и пенлив вовед од цитрус, по трагата на богатите и сензуални килибарски ноти и пачули.
Цитрусните ноти од мандарина при отворање на мирисот се мешаат со розов бибер за жива свежина. Во срцето, јоргованот е комбиниран со овошна мешавина од праска и малина и ноти од египетски здравец. Нотите од пачули и килибар ја откриваат топлината и кремастата основа.
Претставен во препознатливата форма на шише!
Новиот Gucci мирис е претставен во препознатливата форма на шише со детали од розово злато и нежно розова боја на течноста на мирисот.
Во кампањата се појавуваат протагонистите на Gucci Guilty – Lana Del Rey и Jared Leto во мотел.
Мирисот е достапен во 30, 50 и 90 мл, како Eau de Toilette.