- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Најновото издание на Dolce&Gabbana Light Blue Love is Love е совршен микс на легендарниот медитерански мирис и нови освежувачки состојки. Слатките гурмански ноти во Love is Love изданието го прават уште позависен. Освежителниот мирис создава зависност со миксот на лимон од оригиналната Light Blue линија со други богати летни ароми. Сладоледот од малина додава забавен и гурмански потпис на ова легендарно мирисно издание.

Light Blue Love is Love женско издание!

Кај ограниченото женско издание D&G Light Blue Love is Love можете да ја почувствувате свежината на италијанскиот лимон, интензивирана со зелено Granny Smith јаболко и црвени малини за неодоливо уживање. Во срцето на мирисот можете да почувствувате зрачење на женственост преку нотите на јасмин. На крајот можете да уживате во карактеристичните Light Blue ноти на дрвенестиот кедар загреан со ноти од килибар што создаваат нов вид на сензуалност. Мирисната композиција го подигнува уживањето на сосема ново ниво ова лето.

- Реклама -

Love is Love достапен е и за мажи!

Машкото издание на мирисот е посвежа и позабавна интерпретација на легендарниот Light Blue, кој на почетокот потсетува на кремаст сладолед од јаболка. Горните ноти на италијански лимон, бергамот, грејпфрут и мандарина, обезбедуваат разнобојна и природна свежина што е во спротивност со зеленото Granny Smith јаболко. Во срцето на мирисот се наоѓа ароматична елеганција на рузмарин со додаток на розов бибер и сладолед од јаболка. На крајот дрвенестиот потпис на оригиналниот Light Blue за мажи конечно ја открива разиграната сензуалност на килибарот и мирисот на мошус и ванила.

Црвено лого кое остава впечаток!

Црвеното лого на мирисот остава впечаток на предната страна на шишенцата, а интересно е тоа што кутиите на мирисите се осмислени со интересна порака. Кога ќе ги поставите кутиите на машкиот и женскиот мирис една до друга ќе добиете целосно срце.