Најгласна улога на Angelina Jolie досега? Зајакнување на жените пчелари!
Guerlain со здружени сили со UNESCO и Angelina Jolie како покровител на кампањата за промоција на пчеларите во 2021 година и на најсовремената програма за претприемништво за жените пчелари наречена „Жени за пчелите“.
Заземајќи место во организацијата Biosphere Reserves, оваа програма ќе биде предводена со помош на Француската опсерваторија за апидологија (OFA) и ќе ги поддржува пчеларите од Русија до Етиопија и до Камбоџа.
„Кога жените ќе стекнат вештини и знаење, тогаш нивниот инстинкт е да им помогнат на останатите. Возбудена сум да ги запознам сите жени насекаде низ светот кои заземаат учество во оваа програма. Со нетрпение очекувам да ги запознам и да дознам што повеќе за нивната култура и околина и улогата која ја имаат пчелите во сето тоа. Се надевам дека обуката ќе ја зајакне нивната независност, егзистенција и нивните заедници“ – Angelina Jolie
Целта е да ги зајакнеме жените!
Активноста започнува на 21 јуни 2021 година и 30-дневната обука која се одржува во OFA, лоцирана во „Massif de la Sainte-Baume“ во Прованса – Франција, каде ќе бидат пречекани педесет неверојатни жени во рок од пет години. Секој учесник ќе се здобие со теоретски и практични основи на различни аспекти на пчеларството, вклучително и водење професионален пчеларник благодарение на пчеларите на OFA експертизата. Целта е да ги зајакнеме жените преку експертиза и одржлива професионална активност.
На крајот на обуката, учесниците ќе ги стекнат сите протоколи што ќе им овозможуваат да ги одржуваат своите колонии на пчели и ќе станат целосно професионални пчелари претприемачи, како и членови на меѓународната мрежа на жени пчелари, кои подоцна ќе може да ги споделуваат своите вештини и знаења за да им помогнат на другите.
„Guerlain е целосно посветен на животната средина, одржливиот развој и заедниците со кои работи. Тоа е она што не спои заедно, а „Жени за пчелите“ е прекрасно продолжение на тоа“ – Angelina Jolie
Инспирација за работата на Guerlain се жените!
Жените секогаш се инспирација за работата на Guerlain, трудејќи се да ја подигне свеста за зајакнување на женските права. Жените се секогаш во центарот и нивната посветеност кон пчелите е разбирлива, како и посветеноста на Guerlain на природата и на родовата еднаквост.