Ryan Reynolds совршено ја отелотворува современата сензуалност на Armani Code мажот.
Холивуд денес има свои мега ѕвезди и ако треба да издвоиме само една ѕвезда која особено ни е драга и која со право може да се смета за најголем холивудски фраер на денешницата, тоа без размислување би бил канадскиот актер Ryan Reynolds.
Амбасадорска улога по мерка на модерната ѕвезда!
Ryan Reynolds многу внимателно избира соработки и амбасадорски улоги за тие целосно да ги одразуваат неговите вредности.
Неговиот најуспешен избор дефинитивно е соработката со Armani Beauty, за која Ryan стана амбасадор во 2019 година со што беше промовиран како ново заштитно лице на Armani Code машките мириси.
„Како симбол на модерен, целосно исполнет маж Ryan Reynolds совршено ја отелотворува современата сензуалност на Armani мажот – тој зрачи со харизма, верен е на самиот себе, има вродено чувство за стил и вистинска доза на иронија“ – изјави познатиот дизајнер Giorgio Armani.
Првиот машки Armani Code парфем беше лансиран во 2004 година како модерен одраз на сопственото исполнување и уникатната личност, олицетворение на маж кој со леснотија ја владее уметноста на заведувањето. Тој е меѓу десетте најпродавани машки мириси во светот, а оттогаш мирисната линија само се надополнува со нови изданија.
Новина во Armani семејството на мириси е Armani Code Eau de Parfum Pour Homme – сензуален, ориентален, дрвенест мирис за машки заводник.
Armani Code Eau de Parfum Pour Homme
Мирисите Armani Code зрачат со елегантно заведување, инспирирано од мажот што предизвикува и зрачи со магнетска привлечност. Новата ориентална парфемска вода носи безвременска елеганција, интензитет и заведување.
Горните и средните цитрусни и ароматични ноти на мирисот се збогатени со лимон и лаванда и носат свежина и разиграност. Телесната сензуалност се развива во основните ноти, откривајќи мистерија и сила благодарение на тонка зрната, ванилата и акордите од кедар и кадифе.