- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Запознајте ја L’Oréal Air Volume Mega mascara!

Air Volume Mega mascara banner

Кога заштитните маски покриваат половина од лицето, маскарата е најмоќно оружје за шминка што може да го имате во вашиот несесер. Без разлика дали имате кратки, долги, закривени или прави трепки – секоја од нас има своја омилена маскара од која очекува да и даде неверојатен волумен на трепките, правејќи ги меки и лесни во текот на целиот ден. Што ако ви кажам дека тоа е можно со новата L’Oréal Paris маскара за која полудеа сите девојки на TikTok? Запознајте ја Air Volume Mega маскарата!

Дизајн кој ги поместува границите!

L’Oréal Paris повторно не изненади со еден модерен производ во невообичаена розова амбалажа што асоцира на балон. Овој дизајн не е случаен! Пакувањето на маскарата Air Volume Mega е дизајнирано да ја зачува свежината на формулата и со тоа да се спречи брзото сушење на маскарата. Од друга страна, самата помисла на балон нè потсетува на нешто лесно, а тоа токму е ефектот што оваа маскара им го дава на трепките – мега волумен без тежина!

- Реклама -

Нова технологија, нова формула, нова четка!

Целта на секоја маскара е да го стави нашиот поглед во фокусот и да ги направи трепките долги и закривени. За жал, некои маскари поради густината на формулата знаат да ги направат трепките тешки и со тоа да го „убијат“ нивниот волумен, но тоа не е случај со Air Volume Mega маскарата. Благодарение на спојот на модерната технологија и иновативната формула, оваа маскара ќе ви даде вртоглав мега волумен, без чувство на тежина на трепките. Нејзината кремаста формула исто така е хипоалергична и погодна за чувствителни очи.

Air Volume Mega mascara dimension

Специјална четка за „wow“ ефект!

Мека четката со два вида на влакна ја крие посебната тајна. Благодарение на пократките влакна, четката достигнува до секоја трепка, а подолгите влакна ги разделуваат трепките и рамномерно нанесуваат интензивна црна формула од коренот до врвовите. Резултатот? Мега волумен, подигнати трепки и разоружувачки поглед.

Air Volume Mega mascara before and after

Air Volume Mega mascara: Погодна за секој вид на трепки!

Прави, ретки, кратки… Air Volume Mega маскарата одговара на секој вид на трепки и обезбедува мега волумен веќе со првото нанесување. Нанесете ја маскарата со нежни покрети од коренот кон врвовите на трепките и имајте на ум дека со секое движење на четката само дополнително го зголемувате ефектот! Придружете им се на жените кои веќе се воодушевени од оваа маскара!