- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Ако сонувате за долги и цврсти трепки, имам неколку совети како да го подобрете нивниот раст!

Квалитетна маскара секако е клучен мејкап производ во козметичкиот несесер, а долгите трепки се завршен допир на секоја добра шминка. Ако сакате поцврсти, подолги и поубави трепки, постојат начини со кои можете да ги постигнете без да одите на разни процедури – само со рутина. Обидете се со некои од моите предлози и запомнете – бидете нежни!

Променете ја вашата рутина!

За почеток, кога последен пат ја сменивте маскарата? Здраво е три месеци на користење на една маскара, сè друго е премногу, затоа што во маскарата може да се развијат бактерии кои нема поволно да влијаат на трепките и нивниот раст. Ако редовно користите вештачки трепки – еднаш или повеќе пати неделно, ќе треба поретко да ги користите. Да, сега изгледаат одлично, но на долг рок може да имате проблем, затоа што вашите природни трепки нема да растат како што би требало. Честата употреба на виткач за трепки исто така може да има негативен ефект.

Изберете нежни маскари, а ако сакате вашите трепки да растат побрзо и подобро, избегнувајте водоотпорни и сите кои се „тешки“, бидејќи таквите производи ги сушат трепките. Бидете сигурни дека за очите имате лесен и нежен отстранувач на шминка.

5 совети за трепки - маскара

- Реклама -

Набавете серум!

Специфични серуми за подобрување на растот на трепките стануваат се почести во понудата во парфимериите. Некои не се задоволни од нивниот ефект, но треба да запомнете дека не може да се очекува промена преку ноќ. При изборот, проверете дали содржат некаква форма на биотин. Постојат и некои нови состојки како биматопрост кој помага при растот на трепките и веѓите и ги зајакнува.

5 совети за трепки - серум за трепки

Нежно отстранете ја шминката!

Време е ваша секојдневна рутина да биде отстранување на шминката. Ако сакате долги и убави трепки, не треба да спиете со маскара, затоа што таа ги оштетува и кине трепките. Освен нежно средство за чистење, односно средство за отстранување на шминка, секогаш бидете сигурни дека тоа го правите со нежни движења. Прво, ставете памучен туфер со производот на трепките и оставете неколку секунди за да се раствори маскарата. Во тој случај, нема да мора да го триете окото.

5 совети за трепки - чистење маскара

Природна помош!

Маслиновото и кокосовото масло можат да помогнат во хидрирање и омекнување на трепките. Не користете ги премногу често бидејќи може да добиете контра-ефект и трепките да станат мрсни, но повремено добро е да нанесете малку масло. Втријте го маслото на прстите и нанесете го нежно, по можност пред спиење.

маслиново масло

Биотин!

Познат како витамин Б7 или витамин Х, биотинот е неопходен за здравјето на кожата, очите, црниот дроб и косата. Иако веројатно немате дефицит на биотин, пробајте да го земате во додатоци – суплементи или преку исхраната бидејќи тоа ќе ја зајакне вашата коса, а со тоа и трепките и веѓите. Биотинот се наоѓа во оревите, лиснатиот зеленчук, сардините, варените јајца и пивскиот квасец.