Parfum Homme е ДНК на брендот, изразен низ неговата суштинска елеганција, апсолутна чистота на материјалите и единствениот софистициран дизајн Made in Italy.
Зрак на совршенство и префинет стил!
Метрополитански и космополитски дух на CoSTUME NATIONAL HOMME Parfum оддава зрак на совршенство и префинет стил. Совршен баланс измеѓу креативниот и авангардниот пристап и чистотата на модерните линии во сензуална хармонија.
Хроматскиот избор за CoSTUME NATIONAL е совршен спој на црно и бело. Апсолутно совршенство и елеганција. Електричен, ја сака уметноста и дизајнот.
Парфем создаден за љубопитен патник на животот!
CoSTUME NATIONAL HOMME Parfum е создаден за динамичниот, љубопитен патник на животот, истражувач кој сака да доживува, а вродената страст за убавина му дава одличен дар на запазување детали. Секогаш во потрага по извонредност, се идентификува во својот избор кој е јасно изразен. Секој детал се одликува со континуирано истражување на стилот и убавината. Безвременски шарм, префинета елеганција.
Суровини со апсолутен квалитет!
CoSTUME NATIONAL HOMME Parfum содржи суровини од апсолутен квалитет, во висока концентрација слична на екстракт од парфем. Свежината на лимоновите ноти, цитронот и масло од бергамот, совршено со мешаат со зачинетите екстракти од кардамон. Во средните ноти е интензивниот цимет комбиниран со екстракт од ветивер, засладен со деликатни ноти на масло од пачули. Базичните ноти сочинуваат дрвенести коктел од мошус, сандалово дрво и лабдамун.