- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

За да ги задржиме усните убави и негувани, точно на време за оваа сезона, MAC го претстави Lustreglass Sheer-Shine карминот за усни. Се работи за уште подобра верзија од оригиналното издание, кое сега е формулирано со богата мешавина на состојки за усни. Карминот Lustreglass Sheer-Shine е нова генерација на кармини, која комбинира модерни нијанси со комплетно нова формула. Замислите го како кармин за љубителите на мелем – кремаста комбинација на јојоба, семки од малина, кокос и органско маслиново масло што ги храни усните, додека ши путерот и хијалуронската киселина помагаат во хидратацијата.

women with MAC lipstick

MAC Lustreglass Sheer-Shine apply

Резултат?

Кармин кој е лесен на усните, богат со пигмент, лесно се обновува, со сјајна и трајна завршница. Вашите усни ќе бидат мазни и еластични!

- Реклама -

Карминот Lustreglass Sheer-Shine е апсолутна гозба за вашите усни. Усните изгледаат пополно и се понежни, покриени со лесен и мек слој кармин, во прекрасни нијанси. Карминот Lustreglass Sheer-Shine има посветли нијанси со лесен премаз, но и поинтензивни и побогати. Ултра лесната текстура на карминот, мазна како свила, се лизга на вашите усни со неверојатна леснотија, па за нанесување не ви треба ни огледало.

Lustreglass Sheer-Shine composition

MAC Lustreglass Sheer-Shine apply

Lustreglass Sheer-Shine колекцијата ја прават 28 прекрасни кармини!

Со осумнаесет нови, четири ограничени и шест најпродавани нијанси – колекцијата Luster Sheer-Shine се состои од дури 28 прекрасни кармини. Опсегот на боите се движи од пастелно виолетова до живописна портокалова, истовремено овозможувајќи природната нијанса на усните да блесне. Омилената нијанса „Posh Pit“, која дава совршен баланс на кафеава и розова боја, ги остава усните природно и лежерно дефинирани. Нијансата „Sirup“ како пригушена розова боја му се спротивставува на времето и дава „plump“ ефект и нема да ви треба огледало кога ќе го нанесете. Кармините Lustreglass Sheer-Shine навистина се чисто совршенство.

Каде да ги набавам?

Lustreglass Sheer-Shine кармините можете да ги најдете во единственото овластено продажно место на MAC Cosmetics во Македонија во Скопје Сити Мол.

MAC Lustreglass Sheer-Shine colection