- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Во последно време во нашите производи за нега на кожата сè повеќе наидуваме на една состојка што предизвикува интерес кај бјути ентузијастите – пептиди. Пептидите се кратки врски кои се создаваат помеѓу одделните аминокиселини и градежни блокови на белковините (како што се колагенот, еластинот и кератинот кои се одговорни за текстурата, еластичноста и цврстината) кои се клучни за функцијата и убавиот изглед на кожата. Пептидите природно се јавуваат во телото и постојат стотици различни, сите направени од различни комбинации на аминокиселини.

Но, што всушност тие прават за нашата кожа и дали навистина се исплати да ги вклучите во вашата рутина за нега на кожата? Во продолжение можете да откриете сè за својствата на оваа хит состојка за подмладување!

пептиди нанесување крем

Што прават пептидите за вашата кожа?

Кога се нанесуваат на кожата, пептидите дејствуваат како агенти за испраќање пораки до кожата. На овој начин, тие го стимулираат создавањето на колаген и еластин, два протеини кои учествуваат во одржувањето на структурата на кожата, давајќи и цврст и мазен изглед. Како што старееме, количината на колаген и еластин што ги произведува телото постепено се намалува. Затоа, постојаното нанесување на пептиди на кожата може да помогне во стимулирање на нивното производство.

пептиди серум

- Реклама -

Дали вреди да се користат пептиди?

Бројни студии докажуваат дека некои пептиди можат да ја затегнат опуштената кожа, да ја вратат заштитната бариера на кожата, да ја подобрат нејзината цврстина, еластичност и да го изедначат тенот. Сепак, пептидите сами по себе самостојно веројатно нема да ги решат сите проблеми со кожата, но во комбинација со други ефективни состојки тие можат да помогнат да се постигне посакуваниот младешки изглед.

Ако се користат пептиди во комбинација со антиоксидантни состојки, како што е ниацинамидот или навлажнувачки состојки, како што е хијалуронската киселина, тие веројатно нема да ја иритираат вашата кожа. Меѓутоа, кога се комбинираат со активни состојки кои имаат тенденција да ја иритираат кожата, како што се АХА киселините и ретинолот, пептидите можат дополнително да ја иритираат чувствителната кожа.

The Ordinary “Buffet” + Copper Peptides 1%

Кога е најдобро да се користат пептидите?

Ако користите пептиден серум, нанесете го откако ќе ја исчистите кожата на лицето и пред хидратантната крема. Но, ако претпочитате да уживате во пептидите во вашиот хидратантен крем, проверете дали серумот што го нанесувате претходно не содржи потенцијално иритирачки активни состојки.

The Ordinary пептиди