Ново жешко лансирање од Lancôme, маскарата Le 8 Hypnose – најново дополнување на многу популарната Hypnôse линија на маскари. Брендот Lancôme ги прави некои од најдобрите маскари и ова последно претставување звучи многу интригантно.
Маскара создадена од науката во пакување од проѕирно стакло!
Маскарата е производ на револуционерната визија на Lancôme за маскара создадена од науката во пакување од чисто стакло. Искусете ја иновативната маскара на Lancôme и нејзината револуционерна формула со 91% негувачки црн мелем и 8 ревитализирачки амино киселини во проѕирно стаклено пакување.
Добра за вашите трепки! Добра за планетава!
За прв пат, Lancôme ја реализира својата визија за маскара спакувана во проѕирно стаклено пакување, направено од 15% рециклирано стакло во фабриката специјализирана за производство на стаклена амбалажа за луксузната индустрија – Pochet du Courval. Тоа е пакување што може да се рециклира и претставува врвен израз на одржлив луксуз.
Го сакам пакувањето на оваа верзија на Hypnôse маскарата, бидејќи има форма на песочен часовник и изгледа толку шик и уникатно за дизајн на маскара што досега не сме го виделе од Lancôme.
Маскарата има двострана четка – иновативен ултра-мек апликатор кој е направен од растителни влакна што рамномерно ги обложува сите трепки, дефинирајќи ги и обликувајќи го волуменот. Исклучително мекиот апликатор служи за прецизно нанесување кое совршено го следи обликот на окото.
Прва Lancôme маскара за волумен со инфузија на серум!
Серумската маскара за волумен на Lancôme во моментов е достапна во една нијанса – 01 Sculptural Black. Taa има ултра иновативна формула со мелем, која ги премачкува и згуснува трепките – трепка по трепка за скулпторски волумен.
Формулата е составена од 91% црн мелем и збогатена е со 8 аминокиселини, што и овозможуваат на маскарата да ги негува и ревитализира трепките од ден на ден. Формулата содржи и 5% шеа путер за трепките да се чувствуваат помеки и свилени. Вашите трепки ќе бидат посилни и пополни, со моментален волумен, со чувство на ревитализирани трепки, меки трепки во текот на целиот ден.
View this post on Instagram
Дизајнирана да се отстранува лесно!
Маскарата за волумен Le 8 Hypnose е дизајнирана да се отстранува лесно со топла вода, благодарение на отсуството на восок во формулата, што значи дека отстранувањето е нежно и не им штети на трепките, оставајќи ги посилни и поотпорни. На жените им се допаѓа начинот на кој се отстранува маскарата – без напор дури и со топла вода.
Што друго треба да знаете!
Кога ја користите маскарата за прв пат, Lancôme препорачува да ги активирате состојките за оптимална примена на формулата. Само за само неколку секунди, 8 пати целосно извлечете го апликаторот за да ја ослободите максималната ефективност на маскарата, што се поврзува со спомнувањето на бројот 8 во името на маскарата, како и со 8-те аминокиселини кои се вклучени во формулата!
Револуцијата на инстант скулпторски волумен!
Откријте како да добиете совршено извајани трепки!
#1 Користете го рамниот дел на четката за рамномерно да нанесете маскара на трепките,
#2 Свртете ја четката за 90° додека не ја видите заоблената страна на четката во облик на бројот 8,
#3 Извајајте ги трепките со заоблената страна на четката спрема горе за совршено дефиниран волумен.
Достапна онлајн!
Идејата за стаклена амбалажа за маскара дефинитивно е различна! Ако сакате да ја погледнете најновата Hypnôse маскара, таа е достапна онлајн во моментов.