- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

При излегување од дома покрај тоа што се грижиме со себе да ги понесеме паричникот, мобилниот телефон и клучевите, сега мора да бидеме сигурни дека во секое време носиме заштитна маска за лице. Маските за лице станаа задолжителни во јавниот превоз, како и во продавниците и супермаркетите. Се разбира, заштитната маска важно е ја носите за да се заштитите себеси и оние околу вас. Меѓутоа, сигурно и вие се соочувате со некои секојдневни проблеми предизвикани од носењето на маска. Покрај тоа што предизвикуваат појава на акни и иритација, повеќето престанаа да го носат омилениот кармин поради размачкување на карминот под маската. Но, постои начин како да спречите вашиот кармин да се размачкува под заштитната маска. Во продолжение ви нудам неколку совети за безгрижно да го носите вашиот омилен кармин.

Изберете ја вистинската формула!

Експертите сугерираат да одберете мат формула на кармин, а доколку не сте обожавател на мат кармини, тогаш задолжително нанесете молив за усни под карминот за да ја одржите формулата на своето место. Меѓутоа, ако немате молив за усни нанесете кармин и користете марамче за отстранување вишок од производот. Ова ќе спречи вишокот од кармин да се размачка околу усните.

- Реклама -

Прилагодете ја техниката на нанесување на кармин!

Секогаш нанесувајте балсам на усните пред да нанесете кармин бидејќи тоа ќе ги подготви вашите усни за помазен и подолготраен слој на кармин. Оставете го балсамот некое време да се впие, а ако немате време отстранете го вишокот со марамче. Потоа, наместо да нанесувате кармин директно на усните, нанесете го со врвовите од прстите со тапкање. Добро притиснете ја формулата на усните за подобар ефект и поинтензивна боја. На тој начин, карминот нема да се копира или размачкува. На крај, ставете марамче преку усните и нежно преку марамчето нанесете пудра во прав за фиксирање. Ова ќе го фиксира вашиот кармин без да го направите премногу сув.

Што да направите кога вашиот кармин ќе се размачка?

Секогаш со вас носете коректор или пудра во вашата чанта. Коректорот во стик е одличен за било какви поправки што ви се потребни во текот на денот, а зафаќа малку простор во вашиот козметички несесер. Користете ги врвовите на прстите и нанесете коректор над дамките од кармин за да ги осветлите размачканите области и да направите вашиот кармин да изгледа посвежо.

Со овие совети, повеќе нема да треба да го поправате и одново и одново да го нанесувате карминот секој пат кога ќе излезете од продавница и ќе ја тргнете вашата заштитна маска.