- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Маскарата Lancome Idole воодушевува не само со својата исклучителна формула, туку и со беспрекорниот дизајн.

Idôle е симбол на модерната, современа генерација на бестрашни и силни жени. После успешното лансирање на мирисот Idôle, Lancôme постигнува нови успеси со револуционерната маскара Lash Idôle создадена за моментален ефект на подигнување на трепките и неверојатен волумен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lancôme Official (@lancomeofficial)

Досега невидени резултати!

Маскарата Lash Idôle е создадена за жени кои не се согласуваат со компромиси за максимален волумен и неверојатно подигнати трепки без чувство на тежина. Сето ова се постигнува со новата четка и формула од Lancôme.

Децении истражувања и иновации се вткаени во една моќна, врвна маскара која дава невидени резултати.

- Реклама -

Новата маскара на познатиот бренд навистина ги поместува границите – секоја трепка е дефинирана, нагласена и со волумен до 24 часа по нанесувањето. Оваа маскара не создава грутки на трепките и обезбедува волуменозен изглед, така што повеќе нема да размислувате за вештачки трепки. Подгответе се за трепки што отсекогаш сте ги посакувале!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lancôme Official (@lancomeofficial)

Иновативна закривена четка! Дали е тоа тајната за успехот?

Уште една иновација што ја носи маскарата Lash Idôle е дизајнот на четката. Четка со 360 микро влакна со различна големина ќе ја истакне секоја индивидуална трепка, а нејзината заоблена форма совршено се прилагодува на трепките со различна должина.

Во исто време ги дефинира, подигнува и волумизира и најмалите трепки, а резултатот не е само зголемен волумен, туку и закривени трепки.

lancome idole mascara

Револуционерна лесна гел текстура!

Едноставната формула на маскарата, Lancôme ја издигнува на повисоко ниво. Lancome Idole содржи екстракт од бел чај и помало количество на восок, што резултира со гел текстура што ја обвиткува секоја трепка. Текстурата се лизга без чувство на тежина на трепките и обезбедува исклучителна црна боја и висока пигментација.

Покрај тоа, волуменот е постојан до 24 часа и што е најважно се отстранува многу лесно, без потреба од агресивно триење на очите при отстранувањето на шминката.

маскара идол

Победничка комбинација одобрена од мејкап артистите!

За квалитетот на оваа маскара најмногу зборува фактот дека најпознатиот мејкап артист Lisa Eldridge е воодушевена од маскарата.

Опседната сум со оваа маскара, неверојатно е пријатна за очите, ја дефинира секоја трепка, ја подигнува и дава волумен. На различни должини на трепки маскарата им овозможува волумен и подигнување на секоја трепка од самиот корен. И што е најважно за мене како мејкап артист – не се размачкува, не создава грутки и не остава дамки под очите“, вели Lisa.

Изглед со потпис на Idôle!

Како што мирисот Lancome Idole зрачи со рафинирана и модерна женственост, така пакувањето на маскарата Lash Idôle и пркоси на естетиката на традиционалната маскара.

Оваа маскара доаѓа во црно-розово, златно пакување со заоблени агли. Тоа навистина е уметничко дело.

idole

mascara lancome idole