Новото и долгоочекувано ремек-дело на луксузниот бренд House of Creed, женскиот парфем Wind Flowers, по повеќе од пет години создавање, претставен е како мирисна магија, женствен и нежен, прекрасен треперлив мирис.
Момент каде силата и благодатта се среќаваат со моќта на танцот!
Инспириран од грациозноста на танцовите движења на балерините низ воздухот и комбинацијата на нивната благодат и сила, Olivier Creed создаде прекрасен мирис за неа, со цветни и овошни ноти, прошаран со пралина што потсетува на лесен дрвенест нугат.
View this post on Instagram
Музата зад кампањата е главната балерина на англискиот Royal Ballet – Lauren Cuthbertson која на сцената ја користи убавината на мирисот. Како ода на неверојатен талент и музикалност, цело нејзино битие се претвора во лик кој игра. Која е тајната на оваа неверојатна трансформација? Мирисот?
Неограничено чувство за елеганција!
Шишето е инспирирано од самодовербата и женственоста на модерната жена, а тежината и обликот на шишето на Wind Flowers сугерираат на безвременост и скапоцен скулпторски предмет.
Само за неа!
Цветен и свеж, овој парфем се прелива со слатки ноти на јасмин, обвиткан со остар мирис на цвет од портокал од Тунис, омекнат со свежа и овошна нота на праска. Мистичниот мирис на перуника и декадентна кремаста пралина ја продлабочуваат основата и растечката мирисна нота на цвет од портокал која совршено ја балансира темната цветна длабочина.
Излив на топло сандалово дрво обвиткано околу нежниот цвет од јасмин, латици од тубероза и екстракт од слатка роза, му даваат длабочина и текстура на овој мирис, издигнувајќи го и оживувајќи го сјајот само за неа.
Ќе ве маѓепса!
Wind Flowers ќе ве инспирира и маѓепса, будејќи ја вашата имагинација со спојот на јасмин и цвет од портокал, испреплетен со тубероза и сандалово дрво.
Истражете го мирисот!
Најновиот мирис на Creed, Wind Flowers можете да го истражете во Belodore парфимерија во склоп на FABUspot Мериот.
View this post on Instagram