Мејкап колекцијата од Rimmel London – Kind & Free е чиста линија која „работи“ без компромиси. Од популарниот бренд Rimmel London се фокусираа на нов начин на создавање на мејкап производи кои се грижат за кожата, а воедно се грижат за животните и планетата.
Можете да го направете светот подобро место преку изборот на шминка!
Вие би можеле да придонесете и да го направете светот подобро место, едноставно преку изборот на шминката. Користењето на производите за шминкање од линијата Rimmel Kind & Free покажува дека ги почитувате животните, затоа што оваа линија не е тестирана на животни. Го почитувате вашето лице, затоа што сите формули од линијата се чисти и формулирани од состојки со природно потекло. Ја почитувате планетата, затоа што производите се еколошки и рециклирачки.
5 чисти производи за убавина!
Kind & Free претставува почеток на едно возбудливо позитивно движење, кое има за цел да ја направи „чистата“ убавина достапна за секого. Запознајте ја Kind & Free линијата преку 5 чисти производи за убавина, кои се добри за вас и 100% вегански. Сè што ќе добиете е свеж и здрав изглед!
View this post on Instagram
Што ја прави Kind & Free тонираната крема посебна?
Ако посакувате нешто лесно, покривно и без да ви го суши лицето, но воедно сакате да има добри состојки за вашата кожа – Kind & Free тонираната крема е за вас и ќе посакате да ја пробате! Ќе се воодушевите од нејзината хидратантност, а нејзиниот финиш ќе ја одржува кожата хидрирана во текот на целиот ден.
Тонираната крема ќе ве „купи“ со одличните состојки! Формулата е направена со 77% состојки од природно потекло. Збогатена е со мешавина од витамин Е, провитамин Б5 и алое вера за инстантен природен сјај и совршен тен. Тонираната крема има лесна и високо адаптирачка формула за секој тип на кожа и не содржи масла, парфеми и состојки од животинско потекло.
Порачајте онлајн ОВДЕ!
Лак за нокти, но со добри состојки во него! Kind & Free лакови за нокти!
Лаковите за нокти Kind & Free се формулирани со состојки од растително потекло и носат смели и негувачки бои, без компромиси. Сјајниот завршеток, интензивно богатиот пигмент со ултра-нежна формула ќе овозможи вашите нокти да дишат и да останат здрави.
Порачајте онлајн ОВДЕ!
Зошто ќе го засакате Kind & Free Hydrating коректорот?
Веганскиот течен коректор нуди 24 часовна хидратација, дава сјаен завршеток и содржи состојки кои се добри за кожата. Kind & Free Hydrating Concealer е дизајниран да трае преку целиот ден, обезбедувајќи антиоксидантски витамински комплекс од витамин Е и провитамин Б5, плус алое вера. Формулата може да се надоградува и лесно се постигнува ефектот кој го посакувате, а составена е од 80% состојки од природно потекло.
Порачајте онлајн ОВДЕ!
Оставете го прекумерниот сјај со матирачката Kind & Free компактна пудра!
Оваа прекрасна компактна пудра формулирана е со 94% состојки од природно потекло. Има лесна текстура и не создава cakey ефект на лицето. Компактната пудра е достапна во две нијанси, а лесно се нанесува со употреба на веганскиот апликатор за свежа, природна покривност која ќе трае цел ден.
Порачајте онлајн ОВДЕ!
Револуционерна и чиста маскара! Kind & Free маскара!
Kind & Free маскарата им дава волумен на трепките, ги издолжува и трае подолго отколку што ќе ви треба. Ова е првата clean маскара која нуди нега, волумен и должина до 36 часа! Маскарата е водоотпорна, но лесно се отстранува, така што ќе знаете дека е нежна кон трепките. Маскарата е направена со 99% состојки од природно потекло и не содржи парфеми. Флексибилната и кремаста формула е збогатена со биотин и сертифициран органски шеа путер.
Порачајте онлајн ОВДЕ!
Добро за планетата – значи дека Rimmel London се грижи и за пакувањето!
Сите Rimmel Kind & Free пакувања се направени со искористени рециклирани материјали. Лесен избор кој го намалува влијанието врз планетата.
Ова ќе биде нова ера на чиста убавина и што е најважно од сѐ – ФУНКЦИОНИРА!
View this post on Instagram