Perfect Eau de Toilette е нов мирис на американскиот моден дизајнер Marc Jacobs. Новото издание го следи оригиналниот Perfect Eau de Parfum од 2020 година и Perfect Intense од 2021 година.
#PerfectAsIAm
Мирисната линија Perfect е израз на оптимизам и оригиналност, инспирирана од мотото на дизајнерот „Јас сум совршен таков каков што сум“.
Возбудлив и разигран!
Збогатен со свежа миризлива димензија, Perfect тоалетната вода нуди поинтимна, лична интерпретација на мантрата #PerfectAsIAm. Perfect Eau de Toilette е разигран, блескав и цветен мирис кој ја слави моќта да се биде верен на себе. Како и сите мириси во линијата, композицијата е фокусирана на нотата на нарцис.
Новиот мирис е достапен како тоалетна вода од 50 и 100 мл.