Hugo Boss ја збогати мирисната колекција Boss The Scent со ново дуо за неа и за него. Повторувајќи го истиот дизајн на шишето како на Boss The Scent For Her и Boss The Scent For Him колекциите, најновите изданија ја фаворизираат виолетовата и црната боја. Почувствувајте ја моќта на привлекувањето и заведувањето како никогаш досега со Boss The Scent Magnetic.
Boss The Scent Magnetic For Her
Женскиот The Scent Magnetic е интензивно привлечен, килибарно-мошусен мирис создаден од парфимерката Louise Turner. Таа го реинтерпретира дебитантскиот Boss The Scent For Her лансиран во 2016 година. Новата верзија нуди возбудлива и привлечна хармонија на топли и сензуални нијанси, со интензивни ноти на килибар и мошус.
Неодолив контраст од бел мошус и темен османтус цвет!
За да му даде на мирисот поголема моќ и сензуалност, цветот османтус во горните ноти е поинтензивен во споредба со оригиналот, оставајќи мистериозен и стимулирачки ефект. Во срцевите ноти доминираат нежни кадифени ноти на ambrette (слез од мошус), кои поради својата сензуалност совршено се усогласуваат со белиот мошус во долните ноти. Така, оваа нова верзија на The Scent достигнува ново ниво и заведува со речиси магнетна привлечност.
Заштитно лице на парфемот!
Холивудската актерка и модел Laura Harrier е избрана за амбасадор на парфемот, затоа што е олицетворение на модерна и силна Boss жена.
Изглед на шишето!
Сместен во шише во облик на скапоцен камен, лакирано во темно виолетова боја и украсено со златна круна, шишето на женскиот Magnetic делува многу луксузно.
Boss The Scent Magnetic For Her е достапен како Eau de Parfum во шишенца од 30 и 50 мл.
Boss The Scent Magnetic For Him
Машкиот The Scent Magnetic е создаден од парфимерката Delphine Lebeau и го реинтерпретираше оригиналниот Boss The Scent For Him, додавајќи овошни и кожни нијанси со интензивна килибарна нота.
Воодушевувачка композиција од екстракт на црна ванила и апсолут трици!
За да му даде поголема моќ на мирисот, плодот Maninka во горните ноти, кој исклучиво го има во Boss мирисите, зајакнат е во споредба со оригиналот и има стимулирачки ефект. Во срцевите ноти доминираат волшебните апсолут трици, кои совршено се усогласуваат со извонредниот екстракт од црна ванила во долните ноти. Така, оваа нова верзија на The Scent достигнува ново ниво и заведува со магнетна привлечност.
Заштитно лице!
Титулата амбасадор на новиот мирис ја понесе актерот Jacob Elordi. Ѕвездата на популарната серија „Еуфорија“ е олицетворение на заводлив Boss маж.
Изглед на шишето!
Култното црно шише, кое се поврзува со интензитетот на мирисот, сместено е во златна рамка која придонесува за луксузен изглед.
Boss The Scent Magnetic For Him е достапен како Eau de Parfum од 50 и 100 мл.