Дали мирисот на вашиот парфем на кожата трае цел ден или интензитетот брзо се намалува?
Дали нанесувањето на парфем е наједноставна работа на светот? Не е така!
Начинот на кој го нанесувате вашиот омилен парфем во голема мера влијае на ефикасноста и долготрајноста. Со неколку трикови, мирисот на парфемот ќе трае подолго и ќе остане подеднакво моќен.
Нанесување на парфем за многумина се чини дека е наједноставна работа на светот. Но, тоа не е така! Секој мирис е различен и поради него, но и поради вашата кожа, зависи како и колку долго омилениот парфем ќе мириса на вас.
Дознајте како мирисот на вашиот парфем да трае цел ден!
Во продолжение ќе ви пренесам неколку едноставни трикови кои се однесуваат на секој парфем. Со нив, вашиот парфем ќе го има истиот интензитет во текот на целиот ден. Ако во вашата рутина за убавина овие трикови ги внесете уште денес, парфемот ќе трае подолго и ќе мириса попријатно на вашата кожа.
#1 Не триете го парфемот по нанесувањето!
Откако ќе го нанесете парфемот на кожата, вратот, позади ушите или најчесто на рачниот зглоб, не триете го. Тоа е несреќна навика на повеќето од нас и обидете се што е можно поскоро да се ослободите од оваа навика. Со триење кожата се загрева и се создаваат нејзините природни мириси и ензими кои можат да го променат мирисот. Тоа е главна причина зошто мирисот едноставно треба да го нанесете и да го оставите на мира.
#2 Нанесете го мирисот после туширање или бањање!
Најдобро е парфемот да го нанесувате на чиста и хидрирана кожа, бидејќи така многу подолго кожата ќе го задржи мирисот на себе. Ако се туширате навечер пред легнување, тоа би можело да биде една од причините зошто вашиот парфем не се задржува на кожата подолго. Освен тоа, ако сакате мирисот да ви трае подолго го нанесувате на областите на кожата што нема да ги покриете со облека, така интензитетот на мирисот нема да се намали.
#3 Не му го менувајте местото на парфемот!
Дали знаете дека со промена на температурата на која се чува парфемот може да се промени неговата хемиска структура? Кај парфемот кој е изложен на температурни разлики се случуваат хемиски реакции кои го скратуваат рокот на траење. На пример, бањата не е најдобро место за чување на парфем, бидејќи температурата најмногу и најчесто се менува. Би било идеално да го чувате на потемно место и на собна температура, а за тоа може да послужи оригиналната кутија во која треба да го чувате после нанесувањето.
#4 Не купувајте големи пакувања!
Големите пакувања со парфеми може да бидат многу практични ако брзо го трошите парфемот, но во спротивно изберете помали пакувања. Во нив парфемот ќе остане непроменет доволно долго пред да стигнете да го потрошите. Во спротивно веќе после три месеци од отворањето, односно од првото прскање, парфемот може да го изгуби својот интензитет.