Луксузниот моден бренд Jimmy Choo го лансира најновиот додаток во својот репертоар на мириси, неречен Rose Passion. Прекрасен, богат мирис кој асоцира на гламур, самодоверба и чувство на разиграност кои се својствени на брендот. Овој нов мирис најдобро ја доловува суштината на Jimmy Choo.
Rose Passion не е само примамлив мирис, тоа е радосна ода за слободоумните жени кои живеат според сопствените правила.
Мирисни ноти!
Мирисот е креиран од познатата парфимерка Nathalie Lorson, а инспирацијата е добиена од привлечноста на француската ривиера.
Rose Passion се отвора со свежината на кокосовата вода и богатиот егзотичен цут на франгипани цветот (плумерија). Нотите во срцето комбинираат ноти на орхидеја со заводливиот цвет од јасмин. Мирисот добива во интензитет благодарение на нотите на сандалово дрво кои ги обединуваат главните состојќи на Rose Passion, вклучувајќи ја егзотичната ванила. Нивната длабочина и моќ на мирисот му даваат долготрајна трага.
Изглед на шишето!
Шишето на Jimmy Choo Rose Passion е инспирирано од венецијанското стакло, додека двојниот сјај создава илузија на блескав кристал. Капачето е покриено со црно-златна боја.
Лице на парфемот!
Манекенката Malika el Maslouhi е симбол на женската убавина, привлечност и модерна женственост претставена од брендот Jimmy Choo.
Кампања!
Кампањата прикажува сензуална, слободоумна жена која го живее животот по свои правила и ужива во нејзината летна авантура преплавена со сонце.