- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Линијата на парфеми The Icon на Antonio Banderas доби нов женски мирис, женствена креација со топол и цветен мирис. The Icon Women е полн со став, создаден за моќна жена.

Antonio Banderas The Icon Women Eau de Parfum

Што е успех? Дали тоа е слава? Моќ? Богатство?

Можеби отсекогаш успехот бил поврзан со овие поими, но времињата се менуваат. Време е да се редефинира и трансформира значењето на успехот, приоѓајќи му од женска и актуелна перспектива.

Новиот Antonio Banderas The Icon парфем води кон нови поими поврзани со успехот. Можеме ли да бидеме деликатни и полни со сила во исто време? Ова е премисата која стои зад мирисот и не придвижува во територии каде што можеме да бидете смели и слободни, исто како жената што ја претставува.

Antonio Banderas The Icon Women Eau de Parfum

- Реклама -

Успехот е став! Храброста, слободата, ентузијазмот и автентичноста се новите вредности!

Жената икона го слави животот и се бори за она што го сака. Нејзиното мото е: биди сигурна, слободна, храбра, ентузијастичка, оригинална, автентична и природна.

Antonio Banderas

Пикантно, сочно и овошно отворање!

Композицијата на The Icon Women навистина ја претставува жената од која е добиена инспирацијата. Прекрасен микс од живописни, разиграни и светли ноти. Бергамот и црната рибизла нудат пикантно и сочно, овошно отворање, заедно со мандарина и сок од круша. Срцето открива богат цветен букет од цвет од портокал, фрезија, јасмин, роза и лаванда, поставено на мека, кремаста, млечна ванила, заедно со сандалово дрво, тонка и мошусен слој.

Antonio Banderas ingredients

The Icon Women е достапен во шишенца од 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.

The Icon Women a bottle and package