- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

По Lenny Kravitz за машкиот мирис Y и Dua Lipa за женскиот мирис Libre, холивудската филмска ѕвезда Austin Butler е именуван за нов светски амбасадор на брендот Yves Saint Laurent.

MYSLF

Butler, актерот кој го инкарнира Елвис во биографскиот филм за животот на феноменалниот пејач, претстави нов мирис од YSL наречен MYSLF, кој е наменет за новата генерација.

Почестен сум што сум именуван за глобален амбасадор на MYSLF, новиот мирис на YSL Beauty“, изјави Butler.

MYSLF visaul

- Реклама -

Мојот мирис, MYSLF

MYSLF е израз на вашата личност со сите емоции и нијанси. Пресврт во традиционалното семејство на цветно-дрвенести мириси. Изјава за модерна машкост за да се прослави вистинското јас.

MYSLF bottle's

На почетокот свеж, во срцето сензуален и на крај со текстуриран дрвенест акорд!

Новиот мирис Yves Saint Laurent MYSLF ги спојува свежите ноти на бергамот и цвет од портокал со топли дрвенести ароми на пачули и мошусно-дрвенестата молекула Ambrofix за издржливост и дифузија.

Yves Saint Laurent MYSLF ingredients

YSL силуета во шише!

MYSLF доаѓа во елегантно црно шише направено од рециклирано стакло. Црн лакиран монолит во нијанси каде може се да се види. Во неговото срце, вградено во стакло е иконското лого на Yves Saint Laurent.

MYSLF

Машкиот мирис Yves Saint Laurent MYSLF е достапен во шишиња од 40, 60 и 100 мл, како Eau de Parfum. Шишето за надополнување е достапно во количина од 150 мл Eau de Parfum.

Yves Saint Laurent MYSLF

Yves Saint Laurent MYSLF visaul product range