YSL Beauty доби ново заштитно лице – американската поп и рок ѕвезда Lenny Kravitz. Неговата ќерка Zoë е бренд амбасадор и заштитно лице на парфемската линија Black Opium, а Lenny ќе ги краси рекламите за машкиот парфем Y Eau de Parfum.
Бела маица и црна јакна!
Машкиот парфем Y, креиран од мастер парфимерот Dominique Ropion е создаден за да ја претстави мирисна верзија на култната бела маица и црна јакна со потпис на Yves Saint Laurent.
YSL – опус, естетика, стил на живот и дрскост!
Lenny Kravitz, чиј личен стил идеално се вклопува во визијата на брендот Yves Saint Laurent, изјави дека отсекогаш бил љубител на модниот бренд Yves Saint Laurent – „неговиот опус, естетика, стил на живот и дрскост“.
Lenny додаде: „Отсекогаш сум носел многу облека од Yves Saint Laurent брендот. Тоа не беше нешто во што морав да размислувам како да се вклопам. Тоа е дел од мојот животен стил толку многу години. Ова е многу органска соработка“.
Зошто не?
Мажот што Yves Saint Laurent Beauty сака да го претстави е замислен како сонувач кој не се плаши од ризик, маж кој експериментира и кој е креативен, кој никогаш не престанува да прашува: „ЗОШТО НЕ?“
Новата кампања ја фотографираше David Sims, а рекламата ја сними Anton Corbijn.