- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Yves Saint Laurent претстави нов парфемски столб – женскиот мирис Libre. Yves Saint Laurent Libre е мирис наменет за силни, храбри и слободни жени кои експериментираат со својата слобода – истакнуваат од брендот Yves Saint Laurent.

Libre – идејата за слобода инспирација за новиот концепт!

Идејата за слобода, како важен дел од ДНК кодот на модниот бренд Yves Saint Laurent, послужи како инспирација за новиот концепт. Самиот моден дизајнер се смета за револуционерен со тоа што ги облекуваше жените во костуми и сафари-јакни, но и со прозрачни широки блузи, а самиот беше опкружен со жени кои се бореа за својата слобода и позиција.

- Реклама -

Libre – припаѓа на fougère мирисната фамилија на парфеми!

Мирисната композиција за новиот Libre е развиена да содржи fougère елементи. Креацијата е потпишана од парфимерите Anne Flipo и Carlos Benaïm, а содржи лаванда од Јужна Франција, ванила од Мадагаскар, цвет од портокал, килибар, нероли и мандарина.

Libre – претставен од мега популарната Dua Lipa!

Заштитно лице на новиот Yves Saint Laurent Libre парфем е светски популарната пејачка Dua Lipa.

Yves Saint Laurent Libre е достапен во 30, 50 и 90 мл, како Eau de Parfum.