Дали сте на листата? Ова е приватна забава!
Carolina Herrera 212 VIP Women, лансиран во 2010 година, прерасна во парфемски класик. “Дали сте на листата?” и “Ова е приватна забава!” се слогани кои го пратат мирисот 212 VIP од неговото лансирање. Парфемот е олицетворение на животниот стил на девојките кои се спреми за VIP забава. Првенствено, инспирацијата беше побарана кај њујоршките млади, модерни и креативни луѓе секогаш подготвени за забава.
Инспириран од енергичниот живот на Њујорк метрополата, градот кој никогаш не спие!
Carolina Herrera 212 VIP Women е гламурозен и единствен по својата композиција што беше развиена од страна на Alberto Morillas, инспириран од енергичниот живот на Њујорк метрополата, градот кој никогаш не спие.
Крајно женствени облини!
Златна и жестока појава, сјајна и светкава, со нежен метален допир и крајно женствени облини. Едноставно гламурозно! Ултимативен детал: магнетен затворач, симбол на природниот магнетизам на 212 VIP девојката.
Магија на трагата која VIP девојката ја остава зад себе!
На огромно задоволство мирисот се отвора со егзотичната маракуја и горчлив портокал, мириси кои водат кон чудесната аура од неодолив мошус, препознатливата гарденија и мирисот на рум. Уникатната магија на трагата која VIP девојката ја остава зад себе, со стил и сензуалност е надополнета со женственоста на ванилата, сензуалните тонка бобинки.