Стотици илјади мирисни ноти го создаваат раскошниот и опоен свет на парфемите. Секоја мирисна нота носи свој карактер и посебен мирис, кој во нас секогаш и без исклучок предизвикува реакција. Додека некои мирисни ноти ќе ни бидат пријатни, а некои одбивни, други ќе ги оживеат спомените и ќе не вратат во некое друго време и на некое друго место или ќе не потсетат на драгата личност чии мирис ни остана во сеќавање. Без оглед на тоа за кој мирис или парфем се зборува, сите тие носат неверојатна моќ која секогаш ќе ги разбуди сите сетила и никогаш нема да помине незабележано.
По воздушестите и слатки мирисни ноти кои го исполнија летото, првите есенски денови ќе ги вратат мистичните дрвенести и пудрести мириси кои совршено ќе ја надополнат раскошната есенска палета со бои, кои ќе го обојат светот околу нас, но исто така и омилената гардероба во нашиот плакар.
Најдобри есенски парфеми!
Во исто време, неверојатно едноставни и еднакво комплексни, со пријатни ноти кои ги соединуваат најдобрите од сите миризливи категории и меѓу кои секој ќе препознае некој познат и пријатен мирис кој ве поврзува со есенската сезона, неколку нови парфеми, но и неколку веќе проверени мирисни класици се истакнаа како совршен избор за есенската сезона пред нас.
Топлите ноти на ванила донесоа нова димензија на цветните мириси, додека комбинацијата на длабоки и интензивни дрвенести акорди создадоа опојни мириси кои ќе ги привлечат љубителите на интензивни мириси.
Од модерните класици како што е мирисот Gabrielle зад кого стои модниот бренд и куќата за убавина Chanel до новитетите потпишани од страна на некои од најголемите имиња од светот на парфемите како Dior, Gucci и Tom Ford, следува изборот на десетте многу различни опојни женски парфеми меѓу кои секој ќе може да го пронајде својот совршен есенски мирис.