По минатогодишното издание во кое ароматичните ноти од зелен чај беа помешани со ароми на слатки смокви во парфемот Elizabeth Arden Green Tea Fig, оваа година новото издание Elizabeth Arden Green Tea Pomegranate ќе биде одбележано со слатки и весели ароми на калинка, кои ќе бидат во комбинација со смирувачки и малку зачинети ноти на чај, билки и цветови.
Green Tea мирисната колекција е една од најпопуларните линии на брендот Elizabeth Arden, а нејзиниот првенец Green Tea е еден од најбараните мирис од оваа линија, но и од целата мирисна колекција на Elizabeth Arden.
Мирисна композиција од слатки ноти на калинка!
Парфимерот Rodrigo Flores-Roux ја потпишува новата мирисна композиција на Elizabeth Arden, одбирајќи слатки ноти на калинка во комбинација со tangelo (хибрид на мандарина и грејпфрут), бергамот и маракуја. Во срцето на мирисот доминираат нотите на Earl Grey чај, опкружен со бела магнолија и лисја на љубичица, придружени со цветови на малина во основата на парфемот, поврзани со Mate чај, бел мов и мошус.
Парфемот Elizabeth Arden Green Tea Pomegranate се очекува во парфимериите да се појави од Февруари 2019 година во 50 и 100 мл како Eau de Toilette и во форма на популарната крема за тело Honey Drops Body Cream од 250 мл.