Во 1799 година во Лондон, James Atkinson го основаше брендот. Оваа парфемска куќа и нејзиниот амблем – мечка станаа службени парфимери на англискиот кралски двор и аристократските и најексклузивните клиенти на светот.

41 Burlington Arcade

200 години англиска ексцентричност, стил и беспрекорни манири!

Потпирајќи се на 200 годишната англиска ексцентричност, стил и беспрекорни манири, Atkinsons сега воведува ново столетие во парфемскиот снобизам.

41 BURLINGTON ARCADE

Фузија на цитрус, лимон и грејпфрут, бел бибер, проѕирни цветови – тонови на сладок корен, кардамон, мускатно оревче, ветивер, фузија од кедар, амбер и мошус се главните состојки на овој Eau de Parfum Spray од 100ml.

- Реклама -

Именуван и посветен на новата шопинг адреса во Burlington Arcade 41, која претставува современ англиски симбол, овој мирис е најновиот член на историската колекција Emblematic.

Концентрирани околу слаткиот корен и откривањето на неговите сензуални моќи, темно горчливите и земјени тонови се сублимирани со живописни ноти на розе бибер од островот Реунион, западноиндиски ловор од Доминикана и индонезиски пачули.

Цветните проѕирни ноти се одбрани како би додаде свежина. Одважната индивидуалност и унисекс привлечноста на мирисот совршено се вклопуваат во еклектичниот дух на денешниот Mayfaira.

Производството се планира да биде ограничено само на 1799 Eau de Parfum шишенца.

41 Burlington Arcade visual Atkinsons 41 Burlington Arcade bottle

THE NUPTIAL BOUQUET

Цвет од мирта и листови љубичица, момина солза и бела сандаловина го создаваат овој Eau de Toilette Natural Spray 100ml.

Нежен букет на страсна романтика составен од цветовите кои кралицата Викторија ги носела додека одела кон олтарот, кон својот сакан Алберт. Мирис кој нѐ враќа во време кога цвеќето зборуваше многу… Мирис на кралска романтика, ретро современа интерпретација на бидермаерот на кралицата Викторија: зелено-бели цветови на момина солза, листови љубичица и најфините цветови на мирта, засилени со бел мошус и сандаловина. За жени кои го бараат принцот на белиот коњ.

The Nuptial Bouquet visual Atkinsons The Nuptial Bouquet bottle

THE BIG BAD CEDAR

Замислениот, мистичен мирис на Heathcliff (Оркански висови), The Big Bad Cedar е возвишено бурно толкување на шкотските гори и дивиот вирџински кедар.

Во минатото, кога парфемите биле истовремено и лекови, кедровината се покажала како исклучително ефикасен лек за дишните органи, против кашлица и бронхитис. Свежината со која кедарот зрачи брзо ќе ве однесе во некоја далечна, мирна шума, без бучава и стрес од секојдневието. Неговиот длабок дрвенест мирис во парфемот ќе го почувствувате после половина час. Тоа се оние топли мириси кои остануваат најдолго на кожата и ја претставуваат основата, базата на секој парфем.

Atkinsons The Big Bad Cedar bottle

PIRATES’ GRAND RESERVE

Рум, цветови јасмин, сончоглед, зрна какао, есенција на гераниум, кедар, пачули, ванила есенција од Мадагаскар се мирисните ноти кои го сочинуваат овој Eau de Parfum Natural Spray 100ml.

Pirates’ Grand Reserve е богата авантуристичка мешавина на разбојниците и гусарите. Чоколадата и величествениот рум одлично оддаваат почит на англискиот господин, сер Френсис Дрејк, кој пловел околу светот под знамето на кралицата Елизабета I. Еднакво одважен и романтичен како легендарниот истражувач, Pirates’ Grand Reserve, опојно го користи омилениот парфимериски производ – рум. Pirates’ е идеален мирис за опасна прошетка по палубата.

Pirates Grand reserve visual Atkinsons Pirates Grand reserve bottle

Atkinsons единствено во Cosmo!

Престижните парфеми на англискиот кралски бренд Atkinsons во моментов ексклузивно можете да ги набавите само во Cosmo.

- Реклама -