Issey Miyake го промовираше L’Eau d’Issey Pure издание во пролетта 2016 година како „второ поглавје во историјата на L’L’Eau d’Issey парфемите“. Потоа следуваа Eau de Toilette и L’Eau d’Issey Pure Nectar de Parfum изданијата, кои претставуваа капка богата со есенција од цветови.
Капка богата со есенција од цветови!
Новото Eau de Toilette мирисно продолжение на оваа линија ќе биде лансирано во почетокот на 2019 година под името L`Eau D`Issey Pure Petale de Nectar. Со овој мирис, Issey Miyake сака да открие нов момент на чистата поезија – „капка што паѓа од отворен цвет…“ Мирисната композиција ветува блескава верзија на цветно-гурмански мирис. Овошните акорди на круша се мешаат со медена роса и арома на роза.
Шишенцето е инспирирано од обликот на капка вода!
Обликот на шишенцето е инспириран од капка вода, а дизајнот е потпишан од американскиот дизајнер Todd Bracher.
Новиот Issey Miyake L’Eau D’Issey Pure Petale de Nectar ќе биде достапен во 50 и 90 мл, како Eau de Toilette.