Snapscara маскарата на познатиот брендMaybelline New York ветува многу и сигурно ќе ве воодушеви и ќе посакате да се најде во вашиот несесер!
Maybelline New York Snapscara маскара
Бјути експертите конечно направија маскара за која сонува секоја жена. Ако немате нерви пред спиење темелно да ја отстраните маскарата од очните капаци, Snapscara е вистинска маскара за вас. Оваа маскара се отстранува во еден миг и само со млака вода. Формулата не содржи восок, затоа маскарата многу лесно се мие со вода.
Лесно се отстранува, лесно се нанесува!
Многу од нас се борат со отстранување на маскарата, што во утринските часови резултира со црни остатоци од маскара околу очите. Затоа Maybelline New York ги израдува своите корисници со оваа неверојатна маскара. Освен што лесно се отстранува, таа лесно се нанесува и не остава никакви грутки, ниту пак се рони!
Волумен и издолжување!
Maybelline New York Snapscara маскарата содржи тенки, фини и флексибилни пигменти кои ги обвиткуваат трепките со боја и им даваат супер сјаен изглед, но во исто време волумен и издолжување.