Учењето како да се нашминкате од тинејџерски денови до денес за многу од нас може да се опише како метод на обиди и грешки. Кога ќе погледнете во минатото и кога ќе се потсетите на некои од своите бјути изданија, многу брзо зацрвенувате или добро се смеете, но секоја грешка во шминкањето не учи нешто ново и ни помогна да се усовршиме во справувањето со шминките. Сега веќе знаете што ви одговара на вашето лице, а што не, која шминка ви се допаѓа, а која најдобро да ја избегнувате.
Мејкап навика која додава години старост на вашето лице!
Сепак, сè уште можете многу да научите, да ги подобрите своите вештини и да ги пронајдете најдобрите совети од богатото искуство на познати мејкап артисти. Постои една мала мејкап навика која сигурно ја практикувате, а која непотребно додава години старост на вашето лице, а за што се работи ќе ви откријам во продолжение!
Популарна техника baking омилена кај многу ѕвезди од Instagram!
Се работи за популарната техника baking (cooking) омилена кај многу ѕвезди од Instagram, каде се нанесува коректор, а потоа се фиксира со пудра. Овој трик буквално делува како камуфлажа за било какви траги од замор околу очите или темни кругови, а на многумина им помога да ги намалат трагите од себум, односно масните делови на лицето, создавајќи мазно и беспрекорно платно за понатамошно нанесување на шминка.
Со baking техниката може да изгледате 10 до 15 години постаро!
Сепак, со baking техниката може да изгледате 10 до 15 години постаро. Како доаѓа до овој несакан ефект? Ќе ви ја откријам клучната грешка! Нанесувањето на компактна пудра за фиксирање на коректорот е причина за постигнување на непосакуваниот ефект, затоа наместо компактна пудра ви предлагам да нанесете лесна пудра во прав. Компактната пудра е многу тешка и има тенденција да го исуши лицето и освен ефектот на маската кој го остава, постои голема шанса да оксидира, да ја промени бојата и да се вовлече во фините линии, оставајќи впечаток на брчки околу очите кои вообичаено ги немате.
Подобар избор е пудра во прав!
Затоа секогаш подобар избор е пудра во прав. Проверете дали пудрата доволно е лесна, направете тест со дување во кутијата со пудра и ако се подигнат честичките пудра во воздух, доволно се лесни и нежни за пределот околу очите. Наместо со сунѓер, пудрата во прав секогаш нанесувајте ја со четка, за да не претерате со количината.