- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Зраците на пролетното сонце се тука, а со нив доаѓа ведрина, оптимизам и раскошни бои на вашата гардероба и шминка. Што најдобро ја надополнува вашата шминката? Се разбира, мирисот! Во овие пролетни денови кога природата се буди, време е и вие да понесете еден уникатен мирис кој ќе одговара со оптимизам.

Мирис на цвеќиња проткаен со модерност како магнет за оптимизам!

Кога од зимскиот smokey-eye мејкап изглед ќе преминете на розови сенки и руменила, со нив понесете го и единствениот La vie est Belle en Rose. Овој мирис всушност е младешка реинтерпретација на легендарниот La Vie est Belle на познатиот бренд за убавина Lancôme. Розите и божурот се главните ѕвезди на овој инвентивен мирис кој ќе го збогати вашиот ден со трага на радост и оптимизам.

- Реклама -

Цветни ноти за храбри дами!

Мирисот на цвеќето совршено одговара на сончеви денови. Сепак, експертите велат дека мирисите не ги избираме случајно. Дамите кои избираат цветни мириси се нежни и софистицирани, интроспективни и сензуални. Покрај тоа, тие се многу одговорни и не се двоумат многу да преземат акција. Освен цветните мириси, La vie est Belle en Rose во позадина носи ноти на ирис и дрвенести акорди, како и опојни мириси на бергамот и црвено овошје. Овој мирис носи брилијантност и хармонија во себе, што ќе се пренесе на вас.

 

Ново шишенце со скапоцена содржина!

La vie est Belle en Rose доаѓа во ново шишенце со смел дизајн, кој сигурно ќе ве воодушеви, а мирисот е она што дефинитивно ќе ве собори. Дали знаете дека парфемите, покрај бенефитот од ширење на прекрасни мириси, го подобруваат расположението, ја зголемува самодовербата и ве прават да се чувствувате попривлечно? Покрај тоа, добар мирис е еден вид на аромотерапија и ве прави да се чувствувате полетно и свежо.

Дали го пробавте новиот La vie est Belle en Rose? Споделете ги впечатоците во коментари!