- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Веѓите се исклучително важен дел од лицето, а тоа е нешто што го сфативме во последниве неколку години. Секако, усните, носот и очите играат важна улога во обликувањето на цртите на лицето, но секој мејкап изглед може да изгледа многу полошо ако немате совршено средени и обликувани веѓи. Во последниве години во тренд се густи, пополнети веѓи со совршена форма. За да ги камуфлираме сите несовршености на веѓите, секој од нас посегнува по моливот за веѓи. Но, дали знаете што се можете да постигнете со молив за веѓи? Во продолжение ви откривам 6 трикови со овој незаменлив мејкап производ!

мејкап проивод молив за веѓи

Трикови со молив за веѓи!

#1 Изберете молив за веѓи 2 нијанси посветол од вашата коса!

Правилен начин е да изберете боја што е за 2 нијанси посветла од вашата коса! Зошто? Затоа што само така бојата на веѓите совршено ќе се вклопи со нијансата на косата.

#2 Оставете го врвот на веѓата без молив!

Кога ги пополнувате веѓите, фокусирајте се на долниот дел од самата веѓа и нејзиниот корен, бидејќи боја на горниот дел на веѓата ќе изгледа неприродно. На овој начин, ќе добиете поприродна и поубава форма на пополнети веѓи!

пополнување на ретки веѓи

- Реклама -

#3 Не притискајте го моливот за веѓи!

Со лесни потези со раката, без треперење при пополнување на веѓите! Не притискајте го моливчето на било кој начин, туку нанесете го со кратки, лесни потези нагоре.

#4 Не го исполнувајте крајот на веѓата!

Веѓите природно се најгусти и најтемни на самиот почеток, па затоа може да изгледа неприродно ако го пополните самиот крај на веѓата.

пополнување на веѓи

#5 Изберете поладен тон на моливот за веѓи!

При изборот на совршена нијанса, освен со правилото #1 се водите од фактот дека влакната на веѓите имаат природно поладен подтон и затоа топлите нијанси можат да изгледаат прилично вештачки.

#6 Фиксирајте ги веѓите со транспарентна маскара за веѓи!

За бојата на веѓите да трае подолго, предлагам после исцртувањето на веѓите да нанесете транспарентна гел маскара за фиксирање на веѓи, што ќе го зајакне пигментот и ќе допринесе влакненцата да останат на своето место. На овој начин ќе имате потрајен пигмент на веѓите и покрај надворешните температури.

моливи за веѓи разни брндови