- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Кожата е дел од нервниот систем и постојано комуницира со мозокот, а нејзиниот изглед е одговор на стресот и заморот. Нарушениот квалитет на спиењето резултира со зголемено производство на кортизол – хормон на стресот. Кај повеќето луѓе, тоа доведува до предвремено стареење на кожата и оштетување на нејзиниот заштитен слој. Се појавуваат темни кругови околу очите и сив уморен изглед на лицето.

Откриено е дека поврзаноста со електронските уреди предизвикува нарушување на спиењето, а сината светлина што ја емитираат мобилните телефони, таблети и лаптопи исто така го нарушува виталниот изглед на кожата. Сепак, со нега на кожата може да се зачува убавината и да се одржува виталноста.

Зошто е важно да се негува пределот околу очите?

Подочници, отеченост, темни кругови, фини линии и сува кожа без сјај се првите знаци на замор, бидејќи кожата околу очите е најтенка, со помалку циркулација и има помалку лојни жлезди. Колку и да се трудите да бидете негувани и дотерани, темните кругови и сувата кожа ќе го уништат убавиот изглед. Нега со природни состојки кои богато ја хидрират и негуваат кожата е неопходната прва помош што треба како рутина да ја воведете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Loccitane MK (@loccitane.mk) on

- Реклама -

Комбинација на серуми кои го враќаат природниот сјај на кожата!

Ресетирајте ја кожата на лицето преку ноќ со L’Occitane Immortelle Reset серумот за ноќна нега на кожата околу очите и обожаваниот L’Occitane Immortelle Reset серум за ноќна нега на лицето.

Серумите L’Occitane Immortelle Reset ќе ја трансформираат вашата кожа и ќе обезбедат младешки изглед со здрав сјај. Со нежно масирање на пределот околу очите и лицето, со неверојатната златна текстура, збогатена со есенцијално масло од смил во златни меурчиња, ќе постигнете видливи резултати на вашата кожа. Овие серуми се погодни за сите типови на кожа и за сите возрасти, а се идеални за вклучување во било која рутина за нега на лицето од 20-годишна возраст. Формулата е дерматолошки тестирана.

Силата на серумот и природните состојки!

Најпознатите активни состојки на L’Occitane се наоѓаат во срцето на овие моќни производи во атрактивни шишенца кои го чуваат 100% органското етерично масло од корзикански смил и екстракти од марџорам и Acmella Oleacera. Откријте ги сите предности на овие серуми со изненадувачка текстура која ќе ги одушеви вашите сетила. Моќното трио на активни состојки од природно потекло ќе помогне вашата кожа да се чувствува како нова за само една ноќ. L’Occitane Immortelle Reset серумите со дури 3.300 златни меурчуња ќе и помогне на вашата кожа преку ноќ да се регенерира од секојдневниот интензивен живот. Разликата веќе ќе ја забележите од првото утро!

Во препознатливата амбалажа се крие ботанички комплекс од растителни екстракти и кофеин што ги намалува темните кругови и отеченоста околу очите. Сите овие состојки делуваат во синергија за да ја подобрат и смират кожата.

Каде може да се набават производите на брендот L’Occitane?

Производите на брендот L’Occitane може да ги набавите во ексклузивните продажни места на L’Occitane во Рамстор Мол и во Скопје Сити Мол или на фан страните на Facebook и Instagram.