- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Во парфимеријата Anabella Мериот на тематскиот настан NOT AN EVENT гостите уживаа во идејата дека за момент се дел од диско ерата од минатиот век. Во прекрасниот амбиент на парфимеријата Anabella Мериот кој за оваа прилика беше специјално декориран во стилот на Studio 54, беа промовирани два нови парфеми од брендот Juliette Has a Gun – луксузниот, скапоцениот и мистериозниот In the Mood for Oud и експлозивниот Not a Perfume.

Ексклузивно за прв пат имавме можност да уживаме во мирисните задоволства со потпис на основачот на брендот Romano Ricci.

- Реклама -

Претставничката на брендот, Margaux Rieutort-Cottel им се обрати на гостите, доближувајќи им го уште повеќе брендот и мирисните линии од истиот. Присутните ги запозна со концептот на брендот Juliette Has a Gun.

„Самиот концепт на брендот симболизира независност и слобода, а на жените им дава во рака оружје за да можат да се соочат со мажите во вечната борба на пол, страст и љубов“ – Margaux

In the Mood for Oud – луксузен, скапоцен, мистериозен!

Луксузен, скапоцен, мистериозен! In the Mood for Oud ги отелотворува тајните желби на жената во пламенот на огнот. Свежа и невина на почетокот, таа е вистински сензуална, но со доза на дивост во срцето. Топли и привлечни, нотите од оуд ве пленат. Веќе сте под влијание, нотите на тонка зрната во заднина го комплетираат волшепството. Крваво црвено… Крунисано со златното капаче, шишето е скапоцено и привлечно како и самиот мирис. Каприц, па да, мора да има… ништо не е премногу отмено кога желбата на една жена е во прашање.

Not a Perfume Superdose – експлозивен како и неговото име!

Not a Perfume Superdose претставува уште поинтензивна верзија на Not a Perfume кој беше карактеризиран со фина дрвенеста, свежа и чиста арома, а новиот Superdose создаден е за оние кои сакаат супер доза!

Креаторот на брендот Juliette Has a Gun, Romano Ricci за овој парфем вели дека инспирацијата ја нашол во идејата за раздвижување на светот. Not a Perfume Superdose е експлозивен парфем, исто како и неговото име. Superdose е мирис кој ќе ги израдува сите љубители на Not a Perfume, а особено среќни ќе бидат оние кои обично не го доживуваат интензитетот на стандардниот Not a Perfume мирис.

Во продолжение ви ја пренесувам атмосферата во парфимеријата Anabella Мериот!