Жените денес се истакнуваат во првите редови, како никогаш порано. Славниот бренд Bond No.9 ја слави моќта и силата на жените насекаде и со задоволство може да се истакне дека ја истакнува женската моќ уште од основањето, пред 18 години.
Приказна и достигнување ќе ги инспирира и другите жени!
Оваа приказна и достигнување ќе најде поткрепа и ќе инспирира и други жени, без разлика на нивната бизнис кариера или животен стил што го водат.
Во парфемската индустрија каде најчесто доминираат мажите, Bond No.9 е првиот парфемски бренд во New York кој е 100% предводен од жена – основачката и претседателка Laurice Rahmé, која го надгледува целиот процес во создавањето на еден парфем, неговиот дизајн и ентериерот на секоја парфимерија на Bond No.9 брендот.
Во брендот Bond No.9 се посветени на дизајнирање миризливи евокации на улиците во New York, од Riverside Drive до Chinatown и Coney Island. Тие имаат двојна мисија! Да ја вратат уметноста и да го обележат секој кварт во New York со свој сопствен и уникатен мирис.
„UN Women for Peace Association“
Laurice го подржува здружението на Обединетите нации „UN Women for Peace Association“. За нејзината голема посветеност, таа ги доби почестите од здружението за 2015 година и Bond No.9 е горд спонзор на здружението на жени на ООН за мир. Здружението од своето основање е посветено и ја поддржува мисијата за мир.
Во Bond No.9 80% од вработените се жени!
Секојдневен доказ за силата на различностите е тоа што во компанијата Bond No.9, 80% од вработените се жени.
За мирисите: Тие се смислени, создадени и спакувани со женски допир. Сите имаат непогрешлив потпис што ги прави веднаш препознатливи. Избегнувајќи го традиционалното, тие се модерни, насочени кон 21 век. Инспирацијата секогаш е различна, дали е аурата на заоѓањето на сонцето, или женските задоволства на Park и Madison Avenues, историскиот Harlem, како и зелените паркови и преубавите плажи во New York.
Амбалажата на Bond No.9 е иновативна и создадена по женската интуиција. Шишињата се карактеристични, со апстрактни дизајни, различни и уникатни за секој мирис.
Пораката до сите жени што доаѓа од Bond No.9
Преземете иницијатива. Застанете и борете се за вашите права. Не плашете се да го предизвикате авторитетот. Да го задржиме ова движење со просперитет.