Victoria Beckham – Room Service Vilhelm Parfumerie
Victoria Beckham го сподели своето воодушевување од niche мирисот Room Service од брендот Vilhelm Parfumerie со епитетот „супер шик“. Неа ја освои комбинацијата на свежи ноти од мандарина и капини со пријатна мошусна основа. Мирисот е создаден за да го долови гламурот на златното време на Холивуд и ја евоцира Marilyn Monroe на врвот на нејзината слава како пие коктел во Beverly Hills хотелот.
Ashley Graham – Chloé
Манекенката Ashley Graham откри дека нејзиниот мирисен потпис е парфемот Chloé без кој како што рече „не може да живее“. Не и замеруваме, бидејќи тоа е женски мирис кој совршено се вклопува во женствениот имиџ на Ashley.
Gemma Arterton – Acqua di Parma Colonia Essenza
Во едно интервју Gemma Arterton откри дека мирисот по кој секогаш посегнува всушност е машки мирис. Говорејќи за класичниот Acqua di Parma Colonia Essenza таа изјави: „Го сакам затоа што навистина е свеж и лимонски, но не е остар или тежок. Ме потсетува на свежи алишта. Моите најблиски знаат дека толку многу го сакам и затоа секојпат ми подаруваат прекрасни миризлива свеќи од Acqua di Parma”.
Alexa Chung – Le Labo Vu Santal 33
Alexa Chung ја има спомнато својата љубов кон култниот Le Labo Santal 33 – нежно зачаден мирис со култна привлечност. Со комбинирање на женствен ирис и љубичици со деликатни дрвенести ноти, брендот создаде совршен мирис за кул девојката како Alexa.
Rihanna – Love, Don’t Be Shy by Kilian
Од Jennifer Lawrence до Andréa Leona Talleyja – голем број од познатите личности коментираа за тоа колку добро мириса поп дивата Rihanna, што секако предизвика глобална дебата за тоа кој мирис го носи. Неодамна беше откриено дека станува збор за парфемот Love, Don’t Be Shy by Kilian – слатка и малку декадентна гурманска мешавина од нероли и бел слез.
Suki Waterhouse – Amo Ferragamo
Suki Waterhouse откри дека не е страствена љубителка на парфеми, но кога на себе носи некој мирис тогаш тоа обично е Amo Ferragamo. Suki повеќе обожава есенцијални масла или соли за бања поради нивниот прекрасен природен мирис.
Kate Bosworth – Byredo Gypsy Water
Kate Bosworth е верна обожавателка на шведскиот парфемски бренд Byredo, а нивниот славен парфем Gypsy Water е нејзиниот мирисен потпис. Во едно интервју таа изјави: „Нивните парфеми се убави и комплексни, секси и невини. Мирисните креации содржат неверојатни слоеви на ароми, затоа сум верна на мирисите од брендот Byredo“.
Meghan Markle – Wild Bluebell Jo Malone London
Meghan Markle, војвотката од Sussex го обожава парфемот Wild Bluebell Jo Malone London за кој тврди дека го носи секој ден. Лесен и свеж, еден од двата мириси што ги обожава, а тоа го откри на нејзиниот поранешен блог. За вечерни прилики таа го користи Bvlgari Blv II.
Naomi Watts – Kiehl’s Original Musk
Британската актерка Naomi Watts во едно интервју објасни: „Сакам дискретни мириси, не сакам силни парфеми на себе. Мирисот Kiehl’s Original Musk и Kai Perfume Oil во моментов се моите фаворити затоа што се многу свежи. Тие го евоцираат – само што излегов од туш мирисот“.
Susan Sarandon – Eva Santa Maria Novella
Susan Sarandon исто како Gemme Arterton е обожавателка на машки мириси. „Јас навистина немам омилен мирис, но ми се допаѓаат оние машки кои мирисаат на сандалово дрво – омилен ми е Eva од италијанскиот бренд Santa Maria Novella. Имам навика да купувам нов парфем секогаш кога ќе добијам нова улога. На пример, Bal à Versailles Jean Desprez се споменува во филмот „Twilight“ што го снимив со Paul Newman, па со него се прскав за време на снимањето“.
Kate Middleton – White Gardenia Petals – Illuminum
Кога Kate Middleton се омажи за принцот William во 2011 година, таа го носеше мирисот White Gardenia Petals од брендот Illuminum. Малиот бренд кој стоеше зад нежниот цветен мирис преку ноќ стана планетарно популарен и секое шишенце од 50мл се распродаде веднаш по веста дека го носи војвотката.
Hailey Baldwin – West Side Bond No.9
„Јас го користам мирисот Bond No.9 инспириран од Њујорк“, откри Hailey Baldwin во едно интервју. „Не знам точно кој парфем е мојот избор, но сите шишиња од линијата се во форма на ѕвезда. Мојата е црвена. Мириса на божествено. Ми се допаѓа затоа што не е исклучително женски мирис и можат да го носат жени и мажи. Дозволете ми да ви го откријам ова – причината што зошто го сакам е затоа што го користеше мојот дечко. Јас само си реков – и јас би сакала…“.
Kate Moss – Cerf Blanc La Maison Hedonique
Kate Moss е обожавателка на парфемот Cerf Blanc на брендот La Maison Hedonique и не е единствена од познатите личности кои го сакаат овој мирис. Го носат Samantha Morton, Nick Grimshaw, Jonathan Ross, Sadie Frost…
Blake Lively – Gucci Eau Premiére
Blake Lively преферира цветно-овошни мириси. Парфемот на Gucci – Eau Premiére и е омилен бидејќи таа беше негово заштитно лице, но наводно секогаш при рака има Victoria’s Secret Fruity Shimmering мист.
Kylie Jenner – Victoria’s Secret
И покрај тоа што има своја империја за убавина, Kylie Jenner со мириси не е на „ти“ – во едно интервју признала дека понекогаш парфемите и предизвикуваат главоболки. Но, многу често се прска со нешто благо од колекцијата на Victoria’s Secret.