- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Во соработка со мастер парфимерот Alberto Morillas, Marc Jacobs лансира нова предизвикувачка креација која припаѓа на веселата и расцветана колекција Daisy. Новата Daisy е медена, послатка и повеќе опојна од нејзините претходнички, а судејќи според концентрација, таа е поинтензивна.

Daisy Eau So Intense со драматичен пресврт во споредба со основната верзија!

Новата Daisy e со богата, живописна и пенлива мирисна композиција. Создадена е како драматичен пресврт во споредба со основната верзија, давајќи подлабоки и поинтензивни ароми. На отворањето на Daisy Eau So Intense мирисот одбрани се ноти на сочни јагоди, типични за Daisy изданијата, комбинирани со бергамот и кадифени круши. Отворањето е засладено со мед во срцето, кое се спојува со цветните ноти од јасмин и роза. Основата на мирисот гарантира топлина и нежност со блендот од бензоин, ванила и мошус, со додавање на мов.

Шишенце со златен сјај!

Мирисот Marc Jacobs Daisy Eau So Intense е достапен во препознатливите шишиња, но овој пат со златен сјај, со капаче направено во форма на цвет од маргаритка во бела боја со златен толчник. Надворешното пакување е во црна боја и украсено е со мали маргаритки.

- Реклама -

Мирисот е достапен во шишенца од 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.