Аргентинската манекенка Mica Arganaraz се појави како заштитно лице на новата рекламна кампања за еден од најпопуларните Calvin Klein парфеми – Euphoria.
Егзотичен, сочно-цветен и овошен мирис!
Euphoria е егзотичен, сочно-цветен и овошен мирис со chypre база, лансиран во 2005 година, а мирисната композиција беше изработена од парфимерите Dominique Ropion, Carlos Benaim и Loc Dong. Долга низа на години парфемот беше препознатлив по заштитното лице, моделот Natalia Vodianova.
Нова ѕвезда на парфемот – Mica Arganaraz!
Mica Arganaraz е нова ѕвезда на парфемот Euphoria, во сосема новата рекламна кампања, овој пат потпишана од Emma Tempest.