- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Оваа година во нашите рутини за убавина постепено ја враќаме се поголемата слобода. Со новите Catrice производи за оваа сезона, ќе бидеме подготвени за уникатни, интензивни мејкап изгледи и конечно повторно ќе бидеме расположени за кул и креативни експерименти. Во исто време, нашиот сопствен дом ќе го трансформираме во оаза на добро чувство, релаксирајќи се со ритуали за нега и време за себе.

Catrice производи и нивните 4 трендови за оваа година!

WE ARE BACK ON THE GO – Тренд кој ги нагласува производите кои делуваат брзо, лесно и сигурно – за брзи поправки во текот на денот или во движење. Во мода се мултифункционални производи за убавина кои служат за повеќе од една намена истовремено!

FUN FOLLOWS FUNCTION – Тренд со кој повторно внесуваме повеќе радост и позитивни вибрации во нашиот изглед. Ова лесно се постигнува со смели бои, разигран дизајн, изненадувачки ефекти и необични текстури кои создаваат чувство на среќа, истовремено зголемувајќи ја ефективноста на производите.

TALKING ‘BOUT MY… GENERATION INGREDIENTS – Овој тренд се фокусира на активните состојки. Веќе знаеме кои состојки се погодни за нашата кожа, но уживаме да пробуваме нови.

Во последно време сè повеќе внимание посветуваме на сопствената благосостојба и затоа четвртиот тренд на Catrice се вика GOOD FOR YOU!  Во исто време, производите не се добри само за вас, туку и за животната средина!

- Реклама -

catrice new

Во продолжение ви претставувам дел од Catrice производите!

PURE VOLUME макара + PURE VOLUME водоотпорна маскара – 259 денари

Обемни трепки за неколку секунди? Нема проблем со новата Pure Volume маскара. Чиста елеганција, чист гламур, чист волумен – оваа маскара на трепките им дава интензивна исполнетост, густина и волумен благодарение на четката со влакна која ја доловува секоја поединечна трепка и ја премачкува со високо пигментирана текстура.

Формулата дополнително е збогатена со бадемово масло и рицинусово масло, кои се познати по своите својства за негување и поттикнување на раст на косата. Текстурата е веганска, без мирис и долготрајна.

catrice maskara

MAX IT VOLUME & LENGTH маскара -319 денари

Максимален волумен или долги трепки? Зошто да бираме кога можеме да ги имаме и двете! Маскарата MAX IT Volume & Length обезбедува максимален волумен и извонредна должина благодарение на иновативната комбинација на четка и текстура. Специјалната четка има долги и кратки, меки влакна кои допираат до секоја трепка.

Текстурата е збогатена со целулозни влакна кои создаваат ефект на издолжување на трепките. Дополнително, формулата ги храни трепките со шеа путер.

catrice maskara

ON POINT молив за веѓи – 249 денари

За совршени веѓи треба форма и полнење. Вистински wow веѓи! Нема проблем со новиот Catrice ON POINT молив за веѓи. Благодарение на неговата течна, мат текстура во природни нијанси и тенкиот апликатор во форма на фломастер, како и покривањето што може да се доградува, прецизно ги пополнува празнините за целосен изглед на веѓите. Мат финишот создава природен изглед кој е долготраен и отпорен на размачкување.

молив за веѓи

BROW POWDER водоотпорен сет за веѓи – 229 денари

Без разлика дали саката да ја поправите шминката во движење или сте за брз и природен секојдневен изглед – со водоотпорниот сет пудра за веѓи со двете нијанси, можете да ги пополните празнините со боја за веѓи за беспрекорни веѓи со природен изглед.

Благодарение на сетот 2во1 со апликатор и четка вклучени во комплетот, Brow Powder е исклучително лесен за нанесување. Текстурата во прав е водоотпорна и обезбедува мат финиш.

catrice pudra za vegi

BETTER THAN FAKE LIPS VOLUME сјај за усни – 259 денари

Расположени сте за пополни усни, но дали навистина е неопходно да направете операција или да се потпрете на филери? Нема шанси! Сега имате совршена алтернатива. Сјајот за волумен Better Than Fake Lips не само што им обезбедува на усните сјаен финиш, туку ги прави да изгледаат видливо пополни.

Свилено мазната текстура на сјај за усни со средна покривност создава ефект на пополни усни и ги храни со комплекс од путер, веганска замена за колаген. Сјајот за усни се чувствува пријатно на усните и не е леплив.

сјај за усни catrice sjaj usni

SUPER GLUE BROW STYLING гел за веѓи

Врвен партнер за совршено обликувани веѓи – гелот за веѓи Super Glue Brow Styling нуди исклучително силно фиксирање на веѓите. Апликаторот во форма на мала четка го олеснува нанесувањето на проѕирната, нелеплива текстура. Може да се нанесува самостојно за природен изглед или во комбинација со молив за веѓи за поекстремно изразени веѓи.

гел за веѓи

MATTIFIER OIL-CONTROL прајмер – 319 денари

Видно исчистени пори, мазен и мат тен? Да молам! Но како? Едноставно е – Mattifier Oil-Control прајмерот го намалува сјајот на кожата и видливо ги намалува големите пори, самостојно или како основа под течната пудра. Се користи како прајмер што ја прави шминката да трае подолго.

Текстурата без масло и силикон има ефект на матирање и ја смирува кожата со екстракт од кора од врба. Резултатот е природен, мат и мазен финиш.

прајмер

WILD HIBISCUS GLOW мелем за усни – 319 денари

Мелемот за усни Wild Hibiscus Glow обезбедува мекост на усните, им дава природен и блескав финиш. Формулата ги негува усните со масло од брусница и хибискус, а текстурата на мелемот за усни реагира индивидуално на pH вредност на усните и им дава нежна нијанса на боја.

мелем за усни

Производите за шминка можете да ги купите кај нас!

Catrice производите за шминка кои ќе ве воодушеват со квалитет и цена можете да ги набавите во dm дрогерие маркт.

catrice new