- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Од сите производи во вашата мејкап колекција, сјајот за усни е оној производ со кој никогаш не можете да згрешите! Можете да го нанесувате и без огледало и тоа додека пешачите! Но, за да извлечете максимум од вашиот омилен сјај за усни, постојат неколку трикови и совети што ќе ги споделам со вас. Во продолжение ви претставувам 6 одлични трикови за беспрекорен сјај за усни!

Сјај за усни: Најдобри трикови!

Трик #1 Пилинг на усните пред нанесување на сјај!

Без разлика дали користите кармин, сјај, молив за усни или балсам – секогаш најдобриот совет е да започнете со измазнување на површина на усните! Најлесен начин да постигнете меки усни без да се лупат е нежно да ги триете со влажна крпа или четка за заби ако немате пилинг за усни при рака!

Верувајте – после овој чекор, секој сјај што ќе го нанесете на усните ќе изгледа како милион долари!

- Реклама -

Трик #2 Изберете ја вистинската нијанса!

Освен ако не сте за интензивен изглед, секогаш изберете проѕирна светла или темна нијанса. Значи, важно е бојата да биде „sheer“ или полутранспарентна. Инаку – ако изберете сјај кој има целосна боја, можете да изгледате неуредно и премногу нагласено за некои прилики.

Трик #3 Правилно нанесете сјај!

Наместо сјајот за усни да го нанесувате како кармин (од едната до другата страна на секоја усна), нанесете го на средината од долната усна. Потоа, истријте ги усните меѓусебно. Ова ќе додаде совршена количина на сјај, а усните нема да изгледаат мрсни и лепливи. Ако сепак сакате интензивен сјај на усните, тогаш со апликаторот можете да нанесете целосно на усните, но само на долната усна, а потоа истријте ги усните меѓусебно.

Сјајот исто така може да го „издигне“ вашиот омилен кармин – затоа определете се за неутрална нијанса. Откако ќе нанесете кармин и молив на усните, нанесете капка сјај на средината на долната усна и истријте ги усните меѓусебно.

Трик #4 Продолжете ја трајноста на сјајот!

Сјајот за усни е познат по слабата издржливост. Затоа, следете го легендарниот трик на шминкерот François Nars: „Исполнете ги усните со молив за усни, а потоа фиксирајте ги со пудра во прав. Додадете сјај за усни преку оваа подлога и бидете сигурни дека сјајот ќе трае многу подолго“.

Трик #5 Сјај и зрела кожа!

Сјајот за усни не е само мејкап производ за тинејџери, но може да биде лесен и пријатен за сите од 18 до 88 години. Како што старееме го губиме волуменот на усните – ова е нормално и се јавува како резултат на намалено создавање на колаген. Ако ова е ваш проблем – можете да го компензирате со сјај за усни. Исцртајте ги усните со молив за усни само на рабовите и нанесете сјај.

Трик #6 Не тријте ги усните во текот на денот!

Ако нанесувате сјај за усни, не ги тријте ги усните меѓусебно во текот на денот! Ова ќе го размачка сјајот надвор од рабовите на усните и ќе добиете неуреден изглед.