Вистински хит производ од Lancôme за оваа пролет-лето сезона, сосема новите, ултра-концентрирани течни хајлајтери, наречени Lancôme Custom Glow Drops.
Достапни во четири нијанси, дизајнирани за да ви помогнат да го прилагодите вашиот тен, давајќи му извонредна природа текстура и суптилен сјај.
Champagne Glow
За да го осветлите тенот со освежителна искра, Champagne Glow е вистинскиот избор! Помешајте капка со вашата омилена пудра за лице за да постигнете природен, нежен сјај или нанесете на врвот на јаболчниците, средината на носот и на врвот на усните за стробинг ефект.
Rose Glow
Доколку сакате нежно да ги нагласите контурите на лицето и да го разубавите тенот со топол сјај нанесете од Rose Glow нијансата. Помешајте капка со пудра за лице која ја користите за да го освежите изгледот на кожата и да и подарите здрав и румено-свеж сјај. А доколку имате темна кожа, Rose Glow можете да го користите како хајлајтер за да постигнете нежно дефинирање на цртите на лицето.
Golden Glow
Доколку сакате да го освежите лицето со зраци на светлина, Golden Glow ќе ви овозможи најдобри резултати. Помешајте капка со пудра за лице која ја користите за да добиете исончан изглед, а ако имате темен тен користете го како хајлајтер за совршен изглед.
Bronze Glow
За контурирање на лицето и за полн сјај, Bronze Glow е она што ви треба! Жените со темен тен можат да го помешаат со пудра за лице за да го осветлат тенот, додека пак оние со светол тен совршено може да го искористат за контурирање.