Клучен производ во вашата секојдневна рутина за убавина, без разлика дали се работи за утринска или вечерна нега е хидратантниот крем. Тоа е еден од производите што ќе и ја овозможи на кожата потребната нега и ќе се погрижи кожата да биде во рамнотежа во секој дел од денот и ноќта.
Неизоставен производ во козметичкиот несесер!
Хидратантниот крем игра толку важна улога во секојдневната рутина за нега на кожата и затоа и се припишува епитетот неизоставен производ во козметичкиот несесер. Пронаоѓањето на совршен хидратантен крем не е лесна задача, бидејќи различни производи одговараат на различни типови на кожа. Сува, мрсна, иритирана, нерамномерна… Се соочувате со сопствен бјути проблем, а понекогаш се чини дека во асортиманот на производи не може да го најдете идеалниот производ за вашиот тип на кожа.
Што е дефиниција за совршена крема? Да биде создадена само за вашата кожа!
Со овој проблем се соочија во козметичкиот бренд Clinique и затоа одлучија да се прилагодат на современиот потрошувач и го воведоа првиот производ направен според типот и потребата на кожата на секоја личност. Навлажнувачкиот крем Clinique iD е вистинска мала револуција во секојдневната нега на кожата, бидејќи овозможува создавање на совршен крем за секој вид кожа. Идеален крем кој ќе ги задоволи потребите на секој тип на кожа, сега може да го создадете во вашата сопствена бања, а може да изберете 15 различни комбинации за хидратација на кожата. Кремот доаѓа во иновативна амбалажа која обезбедува идеален сооднос на хидратантна база и активен концентрат.
Како настанува персонализиран крем?
Сега со Clinique iD линијата тоа е возможно. Прво што треба да направите е да го дефинирате типот на кожа. Доколку сакате да дознаете каква кожа имате, благодарение на смарт мобилната технологија може да го сторите тоа на m.clinique.co.uk. Преку оваа страна, со селфи фотографија може веднаш да го пронајдете вашиот iD на кожата на лицето.
Понатаму, треба да ја пронајдете вистинската „основа“, a може да изберете од три различни основи за хидратација: Dramatically Different Hydrating Jelly, Dramatically Different Moisturizing Lotion+ и Dramatically Different Oil-Free Gel.
Hydrating Jelly текстурата одговара на секој тип на кожа, додека кај Moisturizing Lotion+ се крие една од омилените формули на брендот Clinique и идеална е за многу сува и мешана кожа. Oil-Free Gel е идеален за масни типови на кожа, бидејќи помага да се врати рамнотежата и освежува веднаш. Секоја од формулите ја враќа хидратацијата на кожата благодарение на глицеринот и хијалуронска киселина, ја зајакнува хидратантната бариера на кожата, создава отпорност од надворешни влијанија и го збогатува чувството на свежина и сјајност.
Откако ќе ја изберете хидрантната основа, на ред доаѓа изборот на активен концентрат кој се усогласува со специфичната нега на кожата, а може да изберете од пет различни концентрати: за чувствителна кожа, груба текстура, неизедначен тен на кожата, тен кој изгледа сиво и уморно и концентрат кој ги измазнува фините линии и брчки.
Иновативното пакување има двонаменска пумпа која во исто време испушта хидратантна база и активен концентрат. Важно е да се напомене дека двете состојки не се мешаат се додека не ги нанесете на вашата кожа, се со цел да се максимизира ефектот.
Ќе ви дадам неколку совети за тоа кој активен концентрат да го изберете, во зависност од типот на вашата кожа.
Чувствителна кожа склона кон иритации!
Луѓето со чувствителна кожа склони кон иритација треба да бараат зелен концентрат кој содржи состојки за да ја смират кожата и да ја вратат удобноста. Зелениот концентрат содржи пробиотичен фермент, односно состојка која ја штити кожата од надворешни влијанија, па дури по првото нанесување постои чувство на олеснување. По една недела иритацијата се намалува, а по едно шишенце црвенилото на кожата видливо ќе се намали.
Груба кожа!
Секој кој се бори со груба текстура на кожата, решението може да го пронајде во синиот концентрат што содржи состојки за да ги намали порите и да ја изедначи грубата текстура на кожата што ќе резултира со посвеж и посветло тен на кожата. Формулата содржи киселини кои ги отстрануваат мртвите клетки на кожата и алги кои го усогласуваат тонот и текстурата. Изедначен изглед на кожата се забележува по првата употреба, а сјајот е видлива после една недела. По едно потрошено шишенце видливоста на порите е намалена, кожата е измазнета.
Неизедначен тен на кожата!
Белиот концентрат содржи формула која е потенцијално решение за луѓе со неизедначен тен на кожата, благодарение на јапонската билка ангелика, состојка одговорна за намалување на дисколорација, измазнување на кожата, како и нејзиниот свеж изглед. Кожата станува посветла по едно нанесување, а по една недела е изедначена, додека по едно шишенце темните дамки ќе се намалат.
Уморен и сив тон на кожата!
Знаците на замор првенствено се видливи на кожата и за да се осигурате дека тенот нема да ги покажува знаците на исцрпеност, побарајте го концентратот со портокалова боја кој содржи состојки за будење на кожата. Дозата на таурин е одговорна за ревитализација на кожата и обезбедување на енергија неопходна за здравјето на кожата, хидратација и обновување на клетките. Кожата ќе се разбуди по првата употреба, додека по една недела ќе стане посјајна, а со едно потрошено шишенце ќе забележите видливо намалување на заморот и сивоста на кожата.
Фини линии и брчки на кожата!
Со влегување во триесеттите години, многумина почнуваат да ги забележуваат првите фини линии и брчки на кожата, а виолетовиот концентрат е тој што на кожата ќе и го врати волуменот, благодарение на протеините од сурутка, бидејќи е богат со аминокиселини кои се неопходни за формирање на нови клетки на кожата. Формулата ја измазнува кожата по првата употреба, додека фините линии се ублажени по седум дена. Забележливо намалени линии и брчки ќе се забележат по редовна употреба на едно шишенце.
Како се нанесува?
Без оглед од која формула ќе изберете, кремот треба да се нанесе на чисто лице два пати на ден, наутро и навечер, а се препорачува да се избегнува подрачјето околу очите.