Дали производи за убавина кои содржат алкохол се штетни или корисни за кожата е вечна тема, расправа и дилема. Понекогаш тешко е да се спознае што е мит, а што е факт. Но, важно е да се знае дека алкохолот може да биде штетен за нега на кожата во зависност од видот на алкохол и целта за која се користи.
Едноставните алкохоли и ароматични алкохоли дејствуваат како растворувачи, односно се раствораат заштитните липиди, со што се зајакнува надворешниот слој на кожата кој дехидрира и предизвикува штета на кожата, предизвикувајќи надразнувачки дерматитис. Заштитниот слој на кожата овозможува полесно навлегување на други штетни состојки од козметичките производи во кожата, што може да го влоши дерматитисот. Едноставните алкохоли може да им се допаднат на оние со мрсна кожа, бидејќи постигнуваат матирачки ефект. Сепак, на долг рок може да го влошат проблемот, бидејќи сушењето на кожата може да предизвика зголемено лачење на мастите.
Кои состојки не и штетат на кожата?
За разлика од едноставните алкохоли, масните алкохоли и естри може да и помогнат на кожата. Тие се користат за згуснување на кремите и мастите и дејствуваат како омекнувачи, помагајќи на кожата да ја задржи влагата. Кога се користат во соодветни формули и во вистински концентрации, овие производи нема да наштетат. Тие сепак може да ги затворат порите и да влијаат на појавата на акни, но може уште да предизвикаат алергиски контактен дерматитис во помал број кај лица со чувствителна кожа.
На што треба да се внимава на декларациите на производите?
Состојки кои треба да ги избегнувате или да ги користите со внимание:
etanol (етанол)
propanol (пропанол)
denatured alcohol (денатуриран алкохол)
etil alcohol (етил алкохол)
metanol (метанол)
isopropyl alcohol (изопропил алкохол)
SD alcohol (SD алкохол)
benzil alcohol (бензил алкохол)
Состојки кои можат да бидат корисни за кожата:
cetil alcohol (цетил алкохол)
stearil (изостеарил алкохол)
cetearil alcohol (цетеарил алкохол)
lauril alcohol (лаурил алкохол)
izopropil miristat (изопропил миристат)
izopropil palmitat (изопропил палмитат)
gliceril stearat (глицерил стеарат)